24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници од кои уште повеќе сте гладни

Намирници од кои уште повеќе сте гладни

hitportal-jogurt

Познато ли ви е она чувсто кога јадете и јадете, но никако не можете да се заситите. Храната треба да го ублажи гладот, но некои намирници делуваат спротивно на тоа, тие ве прават уште повеќе гладни. Избегнувајте ја оваа храна и не наседувајте во нејзината замка бидејќи на тој начин само внесувате непотребни калории.

Помфрит

pomfrit-zuti

Солените пржени компирчиња ги сакаат сите. Тие се многу вкусни и одлично одат со повеќе видови на јадење, но овие јаглехидрати полни со скроб нема да ве заситат туку ќе ве натераат да изедете повеќе.

Бели тестенини

hitportasl-spageti

Поради преработката со која се исфрлени влакната и некои хранливи состојќи, белите тестенини се помалку здрава храна. Тие се вбројуваат во едноставни јаглехдрати кои предизвикуваат зголемување на нивото на гликоза во крвта, а вие поради тоа се чувствувате поторно гладни.

Овошен јогурт

hitportal-jogurt

Јогуртот е одличен извор на калциум, но ако го конзумирате оној со вкус на јагода, крушка или некое друго овошје, во организмот ќе внесете многу шеќери кои ќе ве направат гладни. Затоа подобро е да купите обичен јогурт и сами да додадете овошје во него, па така ќе добиете оброк полн со влакна и здрави масти.

Хот дог

hot-dog-ftr

Виршлата во тесто за многумина е омилен оброк, но тој оброк е непрепорачлив за дигестивниот систем. Овој оброк е полн со нитрати, конзерванси и натриум, а кога сите овие ќе ги внесете во телото нема да бидете задоволени, туку набрзо ќе барате уште.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП