Покрај корисните материи, оваа храна сепак содржи и доста масти.
Ако терминост масти ве асоцира само на негативната страна на вкусната храна, тогаш не сте во право. Всушност, мастите се многу корисни, а особено е значајно тоа што прават да се чувствуваме сити и влијаат поволно на нашето здравје.
Овие намирници, иако се многу здрави, содржат и повеќе масти од озлогласените крофни со прелив, кои инаку содржат отприлика 14 грама масти.
Половина авокадо
Секоја половина од авокадо во просек содржи 15 грама масти. Сепак, од тие 15 грама, 10 ги чинат мононезаситените масти кои сосема поволно влијаат на нивото на холестерол. Исто така, овие масти можат да го спречат таложењето на масните наслаги на стомакот.
Две лажички путер од кикирики
Ако се ограничите на само две лажички путер од кикиритки, ќе внесете 16 грама масти од кои половина се мононезаситени. Исто така, ќе внесете и околу четири грама полинезаситени масти кои можат да го намалат ризикот од појава на дијабетес тип 2 и срцеви заболувања.
Триесет грама кокос
Скоро сите 18 грама масти кои се наоѓаат во оваа намирница се заситени масти. Сепак, најновите истражувања покажуваат дека и заситените масти можат да влијаат поволно врз нашето здравје.
Три поголеми јајца
Ќе внесете 14 грама масти ако за појадок изедете три јајца. Тоа количество се дели подеднакво на заситени, незаситени, мононезаситени и полинезаситени масти.
12 маслинки
Ова количество на маслинки содржи околу 15 грама масти, а поголемиот дел се всушност мононезаситени масти.
Маслинките, како и останатите споменати намирници, содржат и многу други корисни материи, што сепак не би можело да се каже и за крофните.