28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: ФИФА ги „избрка“ Холанѓаните од хотелот!

СП 2014: ФИФА ги „избрка“ Холанѓаните од хотелот!

holandija fudbaleri

Непредвидено напуштање на хотелот во кој што претстојуваат од почетокот на Светското првенство им беше наметнато на фудбалерите на Холандија на барање на ФИФА.

Луис ван Гал ги изненади познавачите и фудбалските стручњаци уште во почетокот на Мундијалот, откако избра хотел во најпопуларниот дел за туристите на Рио де Жанеиро, крај плажата Ипанема. Селекторот на Холандија дури неодамна изјави дека е задоволен од сместувањето на тимот, бидејќи не сакал да ги изолира своите фудбалери.

ФИФА сепак го расипа целиот план на Холанѓаните.

„ФИФА одлучи да ги смести своите ВИП гости и официјални лица токму во хотелите во близина Ипанема, вклучувајќи го и оној на Холандија. На нас само ни соопштија дека треба да ги ослободиме собите“, изјави директорот на фудбалскиот сојуз на Холандија, Берт ван Оствен.

Тој додава дека холандската федерација требало да резервира хотел од почетокот до крајот на Светското првенство, но ФИФА им предложила хотел „некаде во планините на 900 метри надморска височина“, што Холанѓаните не сакале да го прифатат.

„И така се упатуваме во насока на Сао Паоло, каде ќе играме во полуфиналето против Аргентина. Финалето е во Рио де Жанеиро, а натпреварот за третото место во Бразилија, па ќе видиме каде ќе бараме нов хотел. Играчите веќе се навикна на условите во нашиот хотел, а сега за најголемата средба во кариерата треба да се преместат на друго место. Сепак истото беше и пред четири години во Јужна Африка“, изјави Ван Оствен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП