25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: По само неколку дена Рио ги чувствува благодетите од Мундијалот

СП 2014: По само неколку дена Рио ги чувствува благодетите од Мундијалот

svetecot rio

Светското фудбалско првенство веќе дава финансиски резултати на домаќинот Бразил. Мундијалот не е само за радост на фудбалските навивачи. Секретарот на туризмот на Рио де Жанеиро, Aнтонио Педро Фигеира де Мело претстави податоци со кои се покажува задоволителен ефект во Рио де Жанеиро, во првите 5 дена на Мундијалот.

Според информации од Рио Тур, хотелите со пет ѕвездички веќе се полни над 97%. Предвидено е капацитетите да се полни до 90% во првата фаза на шампионатот, а за финалето да е 98%.

Во текот на една недела од 8-ми до 15-ти јуни статуата на Христос Спасителот е посетена од над 50 илјади луѓе, 25.700 да поминале низ возот Корковадо. Во претходната недела, пред отворањето на Мундијалот бројките биле за по 10.000 помалку.

„Ако некој се уште има било какви сомнежи, податоците за Светското првенство во Рио де Жанеиро се сеопфатни и го докажуваат успехот на настанот“, вели Aнтонио Педро Фигеира де Мело.

На настанот на „FIFA Fan Fest“ на песоците на Копакабана поминаа над 120.000 луѓе за четири дена. Во четвртокот, на денот на отворањето на Мундијалот биле 20.249, 23.700 во петокот, 35.420 во саботата и 41.830 во неделата.

Мобилниот сообраќај е над 109% од просекот за истиот период на годината. Илјади нови работни места се отворени на меѓународниот аеродром „International Airport Galeão“, бидејќи протокот на патници е за 5 пати поголем. Најбараните нешта во Рио де Жанеиро во моментов се картите на градот и водичи со знаменитости.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП