4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилионерите во светот стануваат побројни и побогати

Милионерите во светот стануваат побројни и побогати

milioneri

Светот се здобил со нови 2.6 милионерски домаќинства во минатата година, што е уште еден доказ дека богатите стануваат побогати и повеќе, покажува новиот извештај на „Bosto Consulting Group“ (BCG).

Вкупниот број на милионерските домаќинства во светот се зголемил за 19% во минатата година или до 16.3 милиони, според „BCG“. Милионерските домаќинства претставуваат 1,1% од сите во светот.

САД додаде најмногу нови милионерски домаќинства и располага со најголем број такви. Преку океанот семејствата со средства за над 1 милион долари се зголемија за 1,1 милиони за минатата година или до 7.135 милиони. Милионерите во Кина пак се зголемија до 2.4 милиони во минатата година во споредба со 1,5% во 2012-та година. Во исто време, бројот на милионерите во Јапонија се намалува за 300.000 или до 1.2 милиони за 2013-та, што главно се должи на поевтинувањето на јенот во однос на долари.

Катар може да се пофали со најголема густина на милионери – 175 милионерски домаќинства на секој 1.000. Швајцарија е рангирана на второ место по тој показател со (127 на 1.000 домаќинства), следена од Сингапур (со 100 милионери на секој 1.000 домаќинства). САД располага и со најголем број домаќинства кои имаат барем по 100 милиони долари, затоа што 4.754 домаќинства во земјата се имено такви. Густината на такви домаќинства сепак е најголема во Хонг Конг, каде тие се 16,8 на 1.000.

Светското финансиско богатство се зголемило за 14.6% во минатата година или 152 трилиони долари, а стапката на раст е речиси двојна во споредба со претходната година. Таа се очекува да расте со најмалку по 5% годишно во следните пет години и да достигне 198 трилиони долари.

Од „BCG“ го дефинираат богатството на милионерските домаќинства како средства кои можат да се инвестираат – во кеш, депозити и хартии од вредност. Во нив не се вклучуваат помалку ликвидните средства како недвижен имот, акции во компании, колекционерски предмети и луксузни стоки.

Во азиско-пацифичкиот регион богатството е зголемено за 31%, пораст со над 8 трилиони долари во 2013-та. Богатството во Северна Америка се зголемило за 16% или 7 трилиони долари, додека богатството во Западна Европа бележи раст од 5,2%, или 5 трилиони долари. Акциите биле најголемиот двигател на растот во минатата година, па општото богатство во форма на акции скокнало за 28%.

Кина ги надмина Германија и Јапонија во последните пет години и во моментов заостанува само зад САД во рангирањето на земјите на приватно финансиско богатство со 22 трилиони долари. Оваа сума се очекува да порасне за над 80% до 40 трилиони долари до 2018-та година, додека богатството во САД може да се зголеми од 46 трилиони долари до 54 трилиони долари за истиот период, според „BCG“.

Освен Кина, други земји во кои ќе има значителен пораст на богатството во наредните години се Индија, каде што овие средства може да се зголемуваат до 5 трилиони долари во 2018-та година и Русија, каде зголемувањето може да е со над 80% до 4 трилиони долари. Швајцарија, пак останува и ќе продолжи да биде преферираната дестинација за парите на богатите, според извештајот на „BCG“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП