2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ5 бели зеленчуци кои треба често да ги јадете

5 бели зеленчуци кои треба често да ги јадете

16105_karfiol-foto-shutterstock_630x0

Често можете да слушнете дека е добро да се јаде зеленчук и овошје во различни бои и дека е подобро да има што повеќе бои. Нo, бојата е само еден од индикаторите на хранливоста. А зеленчукот со бела боја може исто така да биде поеднакво добар. Овие видови бел зеленчук содржат неопходни хранливи материи како што се калиум, магнезиум и влакна.

Карфиол

Карфиолот, како и секој друг зеленчук од неговото семејство (броколи, зелка), содржи соединенија на сулфур. Тие соединенија се одличен борец против ракот, го зајакнуваат коскеното ткиво и го подобруваат здравјето на крвните садови.

Печурки

36672_shutterstock_95902219_630x0

Печурките имаат малку калории, немаат масти, ниту холестерол, немаат глутен, имаат мошне мало количество натриум, а богати се со селен, калиум, рибофлавин, витамин Д и Б3. Вкусни се, лесни и ви помагаат во борбата со вишокот килограми.

Покрај тоа, тие се одличен извор на реткиот вкус кој се нарекува умами, кој е еден од петте основни вкусови, покрај, слаткиот, киселиот, горчливиот и солениот.

Лук

1324328330642407271

За лукот се верува дека може да го поттикне растот на влакната, да направи мозолчињата да исчезнат и да не држи подалеку од грипот и настинката. Неговите антиоксидантни својства го подобруваат имунитетот, а за да го искористите на најдобар начин алицинот, активна хемикалија на лукот, прво исечкајте го и оставете го да отстои пред да го сварите.

Кромид

Кромидот е многу здрав, а кверцетинот, природна хемикалија која се наоѓа во него, е добра против воспаленија, а може и да ги олесни симптомите на артритис. Покрај тоа, кверцетинот се поврзува и со помал ризик од развивање рак, го намалува ризикот од срцеви болести и дијабетес, а придонесува и за подобар имунитет.

Компир

54083_profimedia0186893696_630x0

Белиот компир му обезбедува многу влакна и многу повеќе калиум на вашето тело, повеќе од кое било друго овошје или зеленчук. Еден неизлупен компир со средна големина содржи 163 калории, неверојатни 940 милиграма калиум и 3,6 грама влакна. Компирот содржи и витамин Ц, Б6 и магнезиум, како и мал број високо квалитетни протеини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП