4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСо салата до помал крвен притисок

Со салата до помал крвен притисок

salata Arabella Magazin

Додавањето на незаситени масти во салатите ги прави исклучително здрави оброци. Од една страна, салатата ќе биде многу повкусна, а од друга помага во намалување на крвниот притисок.

Истражувачите од колеџот Кинг во Лондон велат дека кога јадеме два вида намирници во желудникот доаѓа до хемиски реакции, при што се создаваат т.н. нитро масни киселини. Тие, пак, стапуваат во реакција со еден ензим кој го намалува високиот притисок, покажаа експериментите на глувчињата.

29042_kosa-maslinovo-ulje-foto01-Public-Shutterstock_630x0

Високиот притисок често се нарекува и „тивок убиец“ затоа што неговите симптоми се забележуваат кога е веќе предоцна.

Истражувањата покажаа дека нешто толку едноставно како што е додавањето маслиново масло во зелената салата може да направи голема разлика.

Двете клучни состојки за хемиската реакција која се јавува се незаситените масти од маслиновото масло (како и јаткастите плодови, авокадото и рибиното масло) и нитратите и нитритите кои ги има во многу зеленчуци како зелената салата, спанаќот, целерот, морковот и цвеклото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП