25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДесетте најголеми марки купени од Berkshire Hathaway

Десетте најголеми марки купени од Berkshire Hathaway

v beksire

Компанијата „Berkshire Hathaway“, основана од Ворен Бафет, има годишни приходи од 182 милијарди долари. Една нејзина акција чини 190.400 долари!

Годишното собрание на акционерите на „Berkshire Hathaway“ е нешто како „Woodstock“ во финансискиот свет. Тоа се одржува во Омаха, Небраска и последното беше посетено од 38.000 акционери.

Погледнете кои се десетте најголемите брендови кои се дел од „Berkshire Hathaway“:

„Heinz“.

Бафет ја купи оваа компанија во 2013-та година, по неколку години постојано набљудување. „Berkshire Hathaway“ и бразилската „3G Capital Management“ соопштија дека ќе платат 72.50 долари по акција или 23,3 милијарди долари. Бафет изјави за „CNBC“ дека „Heinz“ е „неговиот тип на компанија“.

„Fruit of the Loom“.

Компанијата беше купена од „Berkshire“ во 2001-ва година, кога таа беше пред банкрот. „Fruit of the Loom“ е регистрирана трговска марка од 1871-ва година. Тоа значи дека таа е една од најстарите компании во светот, претходник на сијалицата, автомобилите и телефонот.

„Benjamin Moore“.

Марката, производител на бои, беше купена од „Berkshire“ во 2000-та година. Бафет го почитува ветувањето на компанијата, нејзините бои да не се продаваат во големи стоковни куќи.

„Geico“.

Осигурителната компанија „Geico“ стана сестринска фирма на „Berkshire“ во 1996-та година. Во 2013-та година, „Geico“ стана втората најголема американска компанија за автомобилско осигурување, откако го помина „Allstate“ на второто место, а на првото засега останува „State Farm Insurance“. Од „Geico“ имаат агресивна рекламна кампања и го зголемуваат бројот на клиенти преку можност за склучување на полисата преку телефон.

„Nebraska Furniture Mart“.

Бафет ја сака индустријата за мебел. Акционерите во „Berkshire“ добиваат попуст во продавниците на „Nebraska Furniture Mart“ за време на годишното собрание на акционерите во Омаха. Бафет ја купи компанијата во 1983-та година за 60 милиони долари.

„Borsheims Fine Jewelry & Gifts“.

„Borsheims“ е сопственост на „Berkshirе“ од 1989-та година. За време на годишното собрание на компанијата во Омаха акционерите добиваат попуст во продавницата.

„NetJets“.

Компанијата за приватни авиони беше купена во 1998-та година. Во последните години таа бележи голем раст, поради тоа што се повеќе луѓе купуваат авиони и летаат се повеќе часови, вели нејзиниот извршен директор Џордан Хансен.

„The Pampered Chef“.

Бафет ја купи оваа компанија во 2002-ра година. Таа продава кујнски материјали за специјални забави во домовите. Овој бизнис е идеален за работа на мајки и домаќинки.

„See’s Candies“.

Малата калифорниска компанија беше купена во 1972-ра година. Продава бонбони, чоколади и лижавчиња, од кои повеќето се омилени на американците веќе со децении.

„Dairy Queen“.

Неодамна, додека беше гостин на хотелот „Four Seasons“ во Њујорк, Бафет настојувал да му се испорача храна од „Dairy Queen“ и „Coca-Cola“ (каде што исто така има удел), наместо да го користи менито на хотелот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП