29 март, 2024
ПочетнаДИЕТИДИЕТА: Сува диета

ДИЕТА: Сува диета

Take-a-break2

Сувата диета е радикален начин за намалување на тежината и се состои од делумно намалување на конзумирањето вода. Траењето на оваа диета е 5 дена и за тоа време може да се намалат и до 4кг.

Кога станува збор за сувата диета ,тоа практично значи конзумирањето на вода да се ограничи на  5 дцл чиста вода дневно ( 2 чаши ). Диетата на кратки патеки е безбедна (никако за време на екстремно топли денови !!!) затоа што овошјето и зеленчукот кои обилно се јадат содржат големи количини течност.

Предностите на оваа диета се оценети не само од страна на спортистите, туку и од жените кои имале масни наслаги. Имено, тие со оваа диета го губеле тоа што најмногу им сметало – масните наслаги.

 

Иако времето покажало дека сувата исхрана е штетна по здравјето ако се применува подолго од пет – до седум дена, таа често носи одлични резултати односно може да се намалат 4 килограми.

 

Пример на план за исхрана за еден ден

 

– 2 шољи од било каква каша, варена без сол, шеќер и маст.

– 300 – 400 гр салата од зеленчук, без масло.

– 400 – 500 гр од било кое овошје

– 100 гр сирење или 100 гр посно месо или 1 шоља млеко или јогурт

– една средна варена риба

suva_dijeta-02

Немојте да јадете солено, слатко, димено и генерално не се препорачува да се јаде многу…

Најголем недостаток на сувата диета е нејзиниот краткорочен ефект. Од масното ткиво тешко се ослободуваме, но кај оваа диета тоа полека се враќа.

Интересно е да се напомене дека постои и друга верзија на оваа диета која е уште поригорозна а во буквален превод се нарекува „сув пат“ каде што 5 – 7 дена се јаде само варен интегрален ориз со можност за пиење 2 – 3 шољи зелен чај. Макробиотичарите се колнат дека оваа диета не само што ги намалува килограмите туку и лечи со интензивна детоксикација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП