6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗлатни правила за успешна диета

Златни правила за успешна диета

praviladietazlatni5c4ew

Досега веројатно сте прочитале и научиле безброј факти за дебелината, погрешната исхрана, последиците од неумерното јадење и пиење, лошото комбинирање на намирниците… Поради тоа нема да се повторуваме. Доволно е само да ве потсетиме на златните правила од кои во голема мера зависи дали ќе го изгубите вишокот килограми или не.

– Сменете го начинот на исхрана

– Намалете ја дневната количина на храна

– Вежбајте, движете се, бидете физички активни

– За почеток јадете повеќе овошје, зеленчук, риба, морски плодови и бело месо

– Наместо белиот шеќер (доколку не можете без благиот вкус), конзумирајте ги здравите замени за шеќерот.

– Наместо бел леб, јадете црн или `ржан или интегрален. Најдобро е да се воздржите од леб, извесно време, а за замена конзумирајте варен компир или интегрален ориз

– Дозволено е немасно млеко, никако полномасно

– Можете да пиете вода, лимонада без шеќер, кафе и чај по можност без шеќер и кисела вода повремено

– Денот поделете го на три оброка и две ужини

– Внимавајте помеѓу оброци да има временско растојание од најмалку два часа

– Јадете полека и уживајте во секој залак

– Намалете ја количината на храна за една третина, по можност и за половина од претходно

Внимание:

Исфрлете од менито:

– производи од бело брашно

– бел шеќер

– вештачки засладувачи

– алкохол

– газирани пијалоци

– овошни сокови

– грицки, чипсови

– похувано или пржено месо

– колбаси, паштети и сувомесни производи

– свинско месо

– пилешка кожа

– свинска маст

– полномасна павлака

– мајонез

– сосови

– колачи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП