3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоевтина струја за компаниите со либерализацијата на пазарот

Поевтина струја за компаниите со либерализацијата на пазарот

elektrichna555

– Компаните што потпишаа договори за снабдување со електрична енергија на слободниот пазар, ќе имаат придобивки со намалени трошоци од 17 проценти до 30 проценти. Тој износ може да биде повисок зависно од понудата на снабдувачот, покажува анализата на Регулаторната комисија за енергетика по завчерашниот старт на втората фаза на процесот за либерализација на пазарот на електрична енергија.

Сите приватни компании што ги исполнуваат условите потпишале договор за снабдување и  се вклучени во балансни групи преку своите снабдувачи. На слободниот пазар потребите за струја ќе ги задоволуават 222 компании со повеќе од 50 вработени и вкупен годишен приход поголем од 10 милиони евра.

– Првиот бенефит е тоа што тарифите кои ги објави РКЕ за дистрибутивните компании по напонски нивоа се пониски од 38 до 73 проценти од претходните просечни цени за дистрибуција. Вториот бенефит е што набавката на струја во овој период од сите снабдувачи беше со пониски цени од овие со оглед на тоа што и берзанските цени во овој период се ниски. Значи бенефитот кој ќе го имаат компаниите е навистина многу добар за нив.

Соодветно на тоа единствен дополнителен трошок ќе биде плаќањето на дебалансите, рече денеска на прес-конференција претседателот на РКЕ Димитар Петров.

Според него, веќе има целосна размена на податоци со којашто сите балансно одговорни страни поставуваат номинации на пазарот на електрична енергија и тоа функционира беспрекорно добро. – Размената на податоци е соодветна на нивните претходно потпишани протоколи со операторот на пазарот, дистрибутивните оператори ЕВН и ЕЛЕМ енергетика.

Сето тоа може да го следат и самите потрошувачи во предвидените термини за да си овозможат на некој начин правилно планирање на потребите од електрична енергија и да си ги намалат трошоците за евенетуални дебаланси кои ќе следат со првите фактури од 1 до 15 мај кога ќе ги имаме резултатите од овој нов систем, појасни Петров.

Договор веќе потпишале и 10 од вкупно 29 јавни претпријатија. Останатите 19 треба да распишат тендери и да склучат договори до следната одлука за промена на цената на 1 јули.

Со почетокот на втората фаза, наведе Петров, во РМ има реална либерализација на меѓу 45 и 50 проценти од пазарот на електрилчна енергија. Дел од слободниот пазар треба да станат и над 600.000 домаќинства и мали потрошувачи. Веќе од октомври ќе може да избираат снабдувач преку кој ќе добиваат струја од почетокот на следната година. Доколку не изберат ќе бидат обезбедени со струја преку крајниот снабдувач, кој останува регулиран и кој потпишува договор за набавка на енергија со ЕЛЕМ, којшто согласно законот и дадената лиценца има обврска за јавна услуга.

Одговарајќи на новинарски прашања, Петров рече дека нема реални причини за одложување на либерализацијата и на домаќинствата и на малите потрошувачи и оти во сите земји каде се спроведува тој процес не постои поевтинување на цената на енергијата за домаќинствата.

– Овој процес секаде во сите земји како крајна последица има зголемување на цената на домаќинставата. Неки од земјите ова го направија одеднаш за исполнување на одередени критериуми за влез во ЕУ, а некои во чекори. И ние го почнавме. Со оглед на тоа каков е приходот од претходните години и одлуките на РКЕ не се очекува драстични скокови на цената на енергијата и нема да го дозволиме затоа што има механизми во методоологијата тоа да се направи во неколку наредни години, рече Петров.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП