28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГолема победа на Вардар над европскиот првак Хамбург за четвртфинале во Лигата...

Голема победа на Вардар над европскиот првак Хамбург за четвртфинале во Лигата на шампионите

Vardar-Hambur

Македонскиот шампион Вардар го победи актуелниот европски првак Хамбург со 30:29 и обезбеди пласман во четвртфиналето на ракометната Лига на шампиони.

По Металург и Вардар ја мина осминафиналната рунда, па така Македонија ќе има две екипи во осумте најдобри во елитната Лига на шампиони.

Со бескомпромисната игра во одбраната и креативноста во нападот вардарци во првото полувреме пет пати водеа со три гола разлика, за на паузата да заминат со позитива од два гола (15:17).

Во вториот дел, импресивен настап на црвено-црните. По нерешените 21:21 во 39-минута, Вардар направи серија од 5:0 и во 46-минута стигна до највисоката предност од пет голови (21:26).

Ваквата предност нашите ракометари знаеа како да ја сочуваат и на крајот сосема заслужено се радуваа на победа со конечни 29:30.

Со 8 постигнати голови Игор Карачиќ беше најефикасен во редовите на нашиот првак, за кој Фили Лазаров и Алекс Душебаев постигнаа по шет голови.

Брилијантен на голот беше Петар Ангелов кој имаше 15 успешни одбрани меѓунив и одбранетиот „седмерец“ на две минути до крајот при резултат 28:29 за Вардар.

Така Вардар, апсолутно заслужено им се приклучи на Металург, Барселона, Фленсбург, Ветспрем, ПСЖ и Кил во четвртфиналето.

Кој ќе биде последниот четвртфиналист ќе биде познато утре откако својот реванш осминафинален натпревар ќе го одиграат Рај Некар Ловен и Килце во кој гостите ќе стартуваат со позитива од три гола (28:32) остварена на првата средба.

Ждрепката за четвртфиналните натпревари кои ќе се играат на 20 и 26 април, ќе биде извршена во вторник на 1 април во Виена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП