Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Македонија ќе добие лабораторија за јонизирачко зрачење

Време: 13:31

Датум: март 25, 2014

Категорија: ЕКОНОМИЈА

GERMANY DIOXIN EGGS

На Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје (ФЕИТ) наскоро ќе биде отворена лабораторија во која ќе се детектира храната која веќе била третирана со јонизирачко значење.

Мобилниот дел од лабораторијата веќе е набавен, а наскоро се очекува да пристигне и останатата опрема.

– Засега лабораторијата ќе се користи само за контрола што во Македонија како продукт влегува третирано со јонизирачко зрачење и каде се користи, односно дали од тие производи понатаму се прават нови производи во земјава, а во крајната фаза се размислува за воведување уред кој би ја зрачел храната и би го подобрувал нејзиниот квалитет, изјави проф. д-р Христина Спасевска, координаторот на проектот на паузата на Националната работилница чија цел е да се видат можностите за имплементација на технологии за јонизирачко зрачење за подобрување на квалитетот на материјалите и на храната во Македонија.

Планирано е лабораторијата да биде сертифицирана и акредитирана според стандардите во Република Македонија.

– Станува збор за комплексен проект во кој покрај ФЕИТ се вклучени и Биотехничкиот факултет од Битола, Дирекцијата за радијациона сигурност, Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот инспекторат за земјоделство, рече Спасевска.

Таа посочи дека јонизирачкото зрачење е технологија која е добро позната во светот и се користи четириесетина години за подобрување на својствата на полимерите и на другите материјали.

– Последните 20 години јонизирачкото зрачење се користи и за стерилизација на опаковките кои се користат за пакување на производите, но и за подобрување на квалитетот на храната. Производите третирани со јонизирачко зрачење траат подолго, но европската легислатива не е целосно ускладена кога станува збор за користење на таква храна. Засега единствен производ третиран со јонизирачко значење кој може да биде користен во Европа се зачините и чаевите, прецизира Спасевска.

Ваквата технологија, посочи, не е задолжителна, но голем број на земји од Азија и Јужна Америка ја користат за да го подобрат квалитетот на нивните производи.

Ив Хенон, експертот на Меѓународната агенција за атомска енергија рече дека јонизирачкото значење има широка употреба ширум светот, но се уште не и во Македонија.

– Токму затоа сум тука кај вас за да помогнам да се зголеми интересот кај индустријата и истражувачките организации за оваа корисна технологија. Таа има многу примени, почнувајќи од подобрувањето на пластиката, па до заштита на храната за да се направи побезбедна, рече Хенон.

Тој посочи дека на работилницата ќе се расправа за разните можности што ги нуди јонизирачкото зрачење и за начинот на кој тоа може да се примени во блиска иднина во Македонија.

На работилницата се пристуни претставници од повеќе македонски компании, факултети и државни институции.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Исчезнат е 35 годишниот скопјанец Горан Атанасовски

    Исчезнат е 35 годишниот скопјанец Горан Атанасовски

    Од вчера попладне исчезнат е 35 годишниот Горан Атанасовски од Скопје. Последни информации кои ги има семејството е дека е виден вчера помеѓу 14:00 и…

  • Fitch ја заплаши Британија со намалување на рејтингот

    Fitch ја заплаши Британија со намалување на рејтингот

    Рејтинг агенцијата „Fitch“ ја заплаши Британија со пад на нејзиниот кредитен рејтинг во случајот на „hard Brexit“. Излезот од ЕУ без договор може сериозно да…

  • Сугарески побара турски инвестиции за инфраструктурните проекти во Северна Македонија

    Сугарески побара турски инвестиции за инфраструктурните проекти во Северна Македонија

    Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, оствари работна средба со претставници на Македонско-турската стопанска комора (МАТТО). Како што информираат од надлежното министерство, во рамките…

  • Манчевски: Повисоки плати и поголема заштита за инспекторите

    Манчевски: Повисоки плати и поголема заштита за инспекторите

    Повисоки плати, поголема заштита за инспекторите со законот за инспекциски надзор, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. „Очекуваме позитивно да влијае врз…

  • Поради недостиг цената на паладиумот се зголеми на рекордни 1.500 долари

    Поради недостиг цената на паладиумот се зголеми на рекордни 1.500 долари

    Паладиумот се искачи на ниво над 1.500 долари за унца, достигнувајќи рекордни вредности поради недоволните резерви, соопштува „Bloomberg“. Ова се случува во услови на обидите…

  • Курц: Австрија ќе продолжи со поддршката за „Северен тек 2“ и покрај противењето на САД

    Курц: Австрија ќе продолжи со поддршката за „Северен тек 2“ и покрај противењето на САД

    Австрија е заинтересирана за сигурно снабдување со енергија и ќе продолжи со промовирање на рускиот проектот за гасоводот „Северен тек 2“ и покрај негативниот став…

  • Путин: Русија мора да направи сопствен интернет

    Путин: Русија мора да направи сопствен интернет

    Русија мора да создаде сопствени самостојни делови од интернетот во случај Западот да го блокира пристапот до глобалната мрежа, рече рускиот претседател Владимир Путин, а…

  • Компаративна анализа на телекомуникацискиот пазар во Македонија во сегментот на фиксни и мобилни услуги

    Компаративна анализа на телекомуникацискиот пазар во Македонија во сегментот на фиксни и мобилни услуги

    Институтот за развој на електронските комуникации ИНРЕКОМ Скопје изврши компарација и даде краток осврт врз можните идни промени во однос на понудата и цената на…

  • Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец

    Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец

    Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи…

  • Од полноќ македонските граѓани во Грција влегуваат само со пасош

    Од полноќ македонските граѓани во Грција влегуваат само со пасош

    Белите ливчиња на кои до вчера грчките гранични полицајци ни ставаа печати за влез во нивната земја,од синоќа на полноќ заминаа во историја. Официјално од…