1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВкусна храна која има помалку од 100 калории

Вкусна храна која има помалку од 100 калории

do100kalorii

Доколку сакате да го сочувате вашето здравје и оптималната телесна тежина, не е на одмет да внимавате што јадете.

Изборот на здравата храна е прилично тешка задача, а таквата исхрана исто така може да биде монотона и скапа. Сепак, постои решение, па така нутриционистите препорачуваат едноставна храна која ќе ве однесе до саканата цел.

Еве кои се тие намирници и оброци кои можете да ги јадете без грижа на совест.

Овошна салата

Овошната салата можете да ја правите од различни видови на овошја. За да ги држите под контрола калориите, немојте да користите сирупи, туку салатата измешајте ја само во природниот овошен сок. Порцијата треба да содржи околу 320 грама овошје, а таа количина има до 100 калории. Овошјето треба да се исецка на парчиња со средна големина, а во салатата ставете по две парчиња од секој вид на овошјето што сте го избрале.

Пуканки

Пуканките се многу вкусни и брзо заситуваат, а содржат многу малку калории. Тие се совршена ужина, а се препорачува количина до 35 грама, за да не внесете премногу калории.

Јајца

Јајцата се одличен извор на протеини и енергија. Доколку не сте љубител на јајца можете да ги комбинирате во различни сендвичи и салати.

Млечни производи

Во својата исхрана мора да ги вклучите и млечните производи, бидејќи со нивното консумирање го регулирате нивото на калории и протеини. Доколку сакате да изгубите килограми, пијте обезмастено млеко, околу 100 мл дневно.

Свежо и суво овошје и ореви

Сувото овошје има различна енергетска вредност и затоа мора да се води сметка за внесените количини. Кога станува збор за свежото овошје, најважни се јаболките, крушите, сливите, портокалите, мандарините, грејпфрутот, црешите и лубениците. Оревите се исто многу здрави, но доколку сакате да ги намалите килограмите, внимавајте на количината.

Супи

Наместо најразлични грицки, навечер јадете пилешка супа или супа со зеленчук, секако дека е поздраво но има и помалку калории.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП