24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМорската риба помага во спречување на рак на дојка

Морската риба помага во спречување на рак на дојка

morskariba664gfew

Доколку конзумирате риба како лососот, која е особено богата со омега-3 масни киселини, најмалку два пати неделно, ќе ја намалите шансата за добивање рак на дојка и до 14 проценти.

До овој заклучок дошле експерти кои работеле на новото кинеско истражување кое е објавено во „Бритиш медикал журнал“.

Рибата содржи омега-3 масни киселини кои се важни за развојот на мозокот и ги намалуваат воспалителните процеси во него. Исто така се важни и за кардиоваскуларниот систем и други делови на организмот.

Инаку, омега-3 масни киселини човековото тело не може самостојно да ги произведе.

Истражувачите анализираа 26 истражувања објавени во САД, Европа и Азија, во кои имало 80.000 учесници и над 20.000 заболени од рак на дојка.

Најновото истражување покажува и дека внесувањето од 0,1 повеќе грама или 0,1 проценти повеќе енергија на ден кои потекнуваат од омега-3 масни киселини, можат да го намалат ризикот од рак на дојка за пет проценти.

За да го постигнат тоа, жените треба да јадат масна риба како туната, скушата, лососот, харингата или сардини два пати неделно во порции од 140 грама. Белата риба како бакаларот исто така е здрава, но содржи помалку омега-3 масни киселини.

Поради исхраната богата со риба, најмал ризик од рак на дојка имаат жените во Азија.

Факт е дека жените кои се хранат здраво често се слаби, што исто така ја намалува опасноста од рак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП