20 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДИЕТА: Строга цитрус диета

ДИЕТА: Строга цитрус диета

citrusinbcuig9734

Цитрус диетата е една од најпознатите и најефикасните овошни диети. За држење на оваа диета потребна е силна желба и упорност и резултатите навистина може да ве изненадат. Кои се придобивките од цитрус диетата и воопшто од вклучувањето на цитрусното овошје во секојдневната исхрана?

Полесен облик на цитрус диетата – предности

Доколку во вашата секојдневна исхрана, ги вклучите портокалите, мандарините, лимоните и грејпфрутот – може да изгубите неколку килограми без да држите некоја посебна диета. Веќе е докажано дека цитрусното овошје одлично ги согорува мастите, затоа што содржи ензими кои го потикнуваат варењето. Покрај тоа, содржи и витамин Ц, кој го забрзува метаболизамот и ги елиминра токсините од телото. Овој облик на цитрус дитета нема некои недостатоци па нема по детално да го обработиме.

Строга цитрус диета – предности и недостатоци

Пред се треба да воочиме дека стриктната цитрус диета се разликува од „обичната” цитрус диета по ограничувањата во изборот на намирниците. Предност на оваа диета е тоа што можете да намалите од 12 до 17 кг месечно. Секако, ваков резултат не е толку чест, но жените може да ослабат во просек околу 11 килограми за еден месец што претставува добра бројка, но константно држење на оваа диета НЕ Е тоа што ви го советуваме. Затоа што оваа диета е прилично ригорозна и не се препорачува нејзина примена подолго од 5 до 7 денови. После ова може да направите пауза од 3 дена па евентуално да го повторите циклусот.

Пример на дневно мени:

Менито за еден ден би изгледало вака:

– Чаша сок од свежо цеден портокал или грепфрут наутро

– За ручек – еден грејпфрут и два киви

– За вечера – 2 варени јајца

– Пред спиење може да испиете јогурт со намалена масленост

– Во текот на држењето на цитрусната диета, секогаш треба да пиете овошен или зелен  чај (кои придонесуваат за слабеењето) или лимонада без шеќер. Еднаш во три дена може да изедете едно јајце со парче леб и сирење со ниска масленост.

Доколку имате проблеми со желудникот – оваа диета не е за вас. Исто така, ако имате проблеми со хипогликемијата…заборавете на оваа диета.

Најдобро е да гледате на оваа диета како на брз детоксикациски план после повеќе денови…хмм…ќе кажеме претерување во храна…или подготовка за некој настан за кој морате хитно да изгубите неколку  килограми за да се вовлечете во омилената облека.

ЗА

– Познато е дека цитрусното овошје содржи овошни киселини кои го поттикнуваат растворањето на мастите. Ова ви овозможува да не морате да вежбате. Вишокот килограми ќе почне да го снемува после три дена, а тоа ќе ве поттикне да продолжите со придржувањето кон диетата.

– Готвењето во текот на оваа диета е сведено речиси на нула.

– Цитрусното овошје, покрај овошната киселина содржи и витамини и други корисни материи кои добро влијаат на метаболичките процеси во телото.

ПРОТИВ

– Брзото губење на тежината може да биде штетно во два случаја: доколку имате огромен вишок на килограми и брзото слабеење ќе остави траги на кожата, кои не ќе можат лесно да се отстранат и по завршувањето на диетата, а исто така постои ризик дека најмалку половина од тежината ќе се врати. Затоа, водете сметка за телото во време на придржувањето кон оваа диета.

– Цитрусното овошје е ниско калорично така што може да почуствувате замор и главоболка додека сте на оваа диета. Или поедноставно кажано – ќе бидете постојано гладни.

Заклучок:

Симпатична брза диета која би било интересно да се проба, но само на неколку денови. Сепак треба да се придржувате кон препораките: количината на намалените килограми за еден месец треба да биде максимално од 5 до 7 проценти од телесната тежината. Исто така, кај оваа диета-доколку се држи во повеќе циклуси- препорачливо е да се консултирате со лекар или друго стручно медицинско лице кое се бави со исхрана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП