3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто ќе донесе процесот на либерализација на струјата?

Што ќе донесе процесот на либерализација на струјата?

bozinovska11

Либерализацијата на пазарот со струја може да донесе намалена цена и подобрен енергетски биланс, но само со прецизна регулатива и планирање и неопходни енергетски инвестиции

Со стапувањето во сила од 1 април 2014, на втората фаза од процесот на либерализација на електричната енергија, околу 212 компании ќе треба да одлучат на која од досега 6-те лиценцири компании ќе и го доверат снабдувањето со електрична енергија. Македонските компании треба најскоро што може да изберат снабдувач, а зависно од понудените услови, пред се цената и стабилноста на снабдувачот. Општите очекувања се дека зголемената конкуренција ќе донесе пониска цена, но притоа треба да се има во предвид и самата специфичност на овој пазар, кој е под големо влијание на меѓународните случувања.

Според Сања Божиновска, директор на секторот за трговија со електрична енергија во Руднап, една од најголемите компании за трговија со струја во Југоисточна Европа, присутна и во Македонија преку партнерската компанија Energy services, како лиценциран трговец со електрична енергија, Македонија треба да има бенефити од процесот на либерализација.  Конечно на 17.02. 2014 беа донесени правилата од регулаторната агенција на РМ и имаше навистина краток рок компаниите да склучат договори за снабдување. Како што е случај во другите земји каде овој процес е во тек, потребно е да се донесе и период на резервно снабдување во кој потрошувачите ќе имаат можност да се одлучат  од кого ќе ја купат активната енергија и балансирањето, бидејќи останатите трошоци се секогаш фиксни и се наплаќаат од страна на ЕВН дистрибуција.

bozinovska11

Секако дека е важна и платформата која го регулира купувањето и продавањето на вишоците на електрична енергија, што треба да почне од 1.04. 2014, но се сомневаме дека тоа ќе се случи, а за што на жалост снабдувачите ќе мораат да плаќаат пенали за отстапување кон маркет операторот не по своја вина. Дополнителен проблем е и минималната граница 1 MW за снабдување со што снабдувачот што има потрошувач со децимали ќе биде додатно пенализиран, продолжи Сања.

Во моментов  регулаторната комисија има објавено цени само за еден квартал, што внесува неизвесност во формирањето на финалните цени кон клиентите. Треба да се искористат можностите, но за тоа и да се случи треба правилно планирање, подобрување на регулативата, и регулирање на некои сеуште отворени прашања, посебно во делот на балансирањето и вишоците. Процесот на снабдување со електрична енергија, не е нешто што треба да се прави на дневна основа, туку да биде долгорочно планиран, а за што е потребно добро познавање на интернационалните искуства и прилики. Македонија треба да се фокусира на инвестиции во енергетските капацитети и на трансмисионите линии со соседите, а посебно со Албанија, со која и немаме енергетска поврзаност.Така на долг рок би се создале подобри услови и би се подобрил енергетскиот биланс на земјата.

Транспортот на струјата до Македонија е комплициран и постојат многу граници додека струјата да стигне до Македонија. Но, постојат многу фактори кои можат значително да влијаат на цената на струјата, како  на пример случувањето во Фукушима за еден ден ја поскапе струјата на берзите за 25%, исклучувањето на нуклеарните централи во Германија од страна на германската влада исто така енормно ја зголеми цената на струјата. Ова се непредвидливи фактори. Било какви претскажувања за цените на струјата, моментално би биле само шпекулации кои може да се сменат на дневно ниво, појаснува Божиновска. Македонија во 2012 година има произведено 5.813 гигават/часови струја, а потрошувачката е на ниво од 8.488 гигават/часови

Во регионот најголеми потрошувачи се Романија, која во 2012 година потроши 54.427 гигават/часови струја, додека во 2011 година – 54.916 гигават/часови, потоа Грција (2012 година 52.064 гигават/часови струја), Унгарија 2012 година 39.904 гигават/часови струја) и Србија ( 2012 година 39.667 гигават/часови струја). За споредба, Македонија лани потроши 8.488 гигават/часови (Gw/h) струја.
Што се однесува до производството во регионот пак, лидер е Романија која лани произведе 54.320 гигават/часови струја, Грција 50.548 гигават/часови струја, Бугарија лани произведе 41.910 гигават/часови струја, а Србија 39.900 гигават/часови струја.

Од следната година либерализацијата започнува да важи и за граѓаните, кои ќе добијат можност самите да изберат од која фирма ќе се снабдуваат со електрична енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП