Просечната плата (бруто) пресметана за април 2025 година изнесува 150.777 динари, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесуваше 109.272 динари(933 евра), објави Републичкиот завод за статистика на Србија.
Растот на бруто и нето заработката во периодот јануари-април 2025 година, во споредба со истиот период минатата година, изнесува 11,7 проценти номинално, односно седум проценти реално.

