19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто не треба да ги лупите јаболките

Зошто не треба да ги лупите јаболките

jabolkolupenje1

Она што го прави јаболкото честа ужинка е фактот дека многу лесно се консумира. Се што треба да направите е да го измиете и да го изедете. Оние пребирливите, ќе ја олупат лушпата, а тоа е најлошата работа која можете да ја направите во врска со јаболките. Еве зошто не треба да го правите тоа.

Повеќето влакна се во лушпата

Едно јаболко со средна големина содржи 4,4 гр. влакна. Без лушпата има само 2,1 гр. што не е доволно за јаболкото да биде наречено „добар извор на влакна“.

Во кората се повеќето витамини

Во кората има 8,4 мг. витамин Ц и 98 единици витамин А. Без кората остануваат само 6,4 мг. витамин Ц и 61 единица витамин А.

Јаболкото ги ублажува проблемите со дишењето

Ова важи само ако ја јадете заедно со кората. За тоа е главен кверцетинот кој се наоѓа во лушпата.

Кверцетинот го подобрува и помнењето

Тој се бори против оштетувањата на мозокот и штити од Алцхајмерова болест и други дегенеративни проблеми.

Борец против ракот

Во лушпата од јаболкото се наоѓаат соединенија наречени тритерпеноидс. Тие ги спречуваат клетките на ракот и го намалуваат нивното размножување, а тоа особено се однесува на ракот на црниот дроб, дебелото црево и ракот на дојка.

Одржувач на витката фигура

Урсоличната киселина (состојка која се наоѓа во кората од јаболкото) помага во изградбата на здрави мускули и во согорувањето на калории. Една јаболка со кора во денот го намалува ризикот од дебелеење.

Доколку сте од оние лица кои јаболките ги лупат поради тоа што ти се прскани со хемикалии при нивното одгледување, и не верувате дека со миењето хемикалиите се отстрануваат – повеќе не треба да го правите тоа, одлично решение за вас е јаболките пред да ги консумирате да ги оставите во длабок сад со вода да отстојат половина час, на тој начин сите хемикалии ќе се растворат а вие ќе можете да уживате во здравото јаболко со кора.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП