3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПодобрете го расположението, освежете го вашето ментално здравје

Подобрете го расположението, освежете го вашето ментално здравје

mentalhealth1

Ние сме она што мислиме. Затоа, заборавете на намќороста, лутината, депресијата. Трудете се да размислувате позитивно, иако тоа понекогаш ви се чини невозможно. Еве неколку совети кои се лесни за применување, а можат веднаш да ви го поправат расположението.

Цвеќе

Исполнете го просторот во кој поминувате најмногу време со цвеќе. Психолозите велат дека има нешто прекрасно во тоа дел од природата да го внесете во својот ентериер. Цвеќето помага луѓето да се чувствуваат поживи и носи позитивна енергија.

Внесете боја во животот

Луѓето во зависност од возраста преферираат различни бои ноколу и на нив. Понекогаш тоа може да биде црвената, во друг период жолтата или портокаловата. Бојата на облеката исто така влијае на расположението.

Размислувајте за вашите блиски

Бегањето во фантазијата е одличен начин за подигнување на расположението. Ако во текот на некој бурен ден бар на момент се потсетите на некоја смешна ситуација со вашите деца, мајката која секогаш ве сослушува или патувањата на кои сте биле со вашиот партнер, расположението веднаш ќе ви се поправи.

Слики од блиските

Сликите ја даваат перспективата за тоа како изгледате кога сте среќни и опкружени со вашите драги луѓе. Можат силно да влијаат на расположението, па добро е покрај себе секогаш да имате некоја драга или смешна слика која веднаш ќе ви измами насмевка на лицето, во секоја ситуација.

Запалете миризлива свеќа

Освен што создаваат смирувачка атмосфера, миризливите свеќи влијаат и на расположението. Оние со мирис на мандарина, портокал или лимон се одлични за моментално подигнување на вашето расположение.

Пригответе си чај

Наместо кафе, напијте се чај – по можност од камилица или мента. Добар е за луѓето кои се чувствуваат нервозно или се под стрес.

Слушајте музика

Музиката предизвикува среќа, ја подига енергијата и ве развеселува. Песните кои ги сакате, музиката која ви асоцира на убави нешта, спомени, моменти, нотите кои секогаш ви го подигнуваат расположението, се вистинскиот избор во секоја ситуација во која чувствувате тензија, депресија или лутина.

Позитивна мантра

Афирмативните пораки се неопходни во моментите на фрустрација или судир со некого. Повторувајте си себеси дека сте подобра личност и дека сте над караницата која се случила или случува. Истакнувањето на вашата добрина ќе ви помогне да се чувствувате како поквалитетна личност, а тоа е секогаш добар иницијатор на подигање на расположението.

Користете етерични масла

Мирисот на етеричните масла може да делува смирувачки, а зависно од ситуацијата може да изберете некое кое ќе ви го подигне расположението. Цитрусот користете го на работа, лавандата во домот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП