14 јули, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСе прашувате зошто вашата половина е дебела? Еве зошто...

Се прашувате зошто вашата половина е дебела? Еве зошто…

24_BellyFat02

Некои животни навики се поопасни за наталожување масно ткиво во споредба со други. Ако имате една или две, можеби и ќе поминете полесно, но повеќе лоши навики значат речиси сигурен појас со сало околу стомакот и колковите, односно дебела половина.

Не вежбате

Повеќето луѓе и онака предолго седат, па уште ако не вежбаат, калориите само си се таложат во вид на сало. За време на интензивниот телесен тренинг можете да согорите 200 калории повеќе отколку обично. Вежбајте барем 30 минути на ден. Освен тоа, не користете го постојано автомобилот. Паркирајте се малку подалеку од домот или работното место и пропешачете барем малку повеќе.

Уживате во погрешни протеини

За мускули ви требаат протеини, точно, но не оние кои обично се приготвуваат на скара. Црвеното и масно месо треба да се јаде во помали количини. Месото е полно со заштитени масти и калории кои брзо ќе ве здебелат. Јадете повеќе риба и бело месо. Црвеното месо нека ви е на мени максимум еднаш неделно.

Сокови

Доколку сакате брзо да се здебелите, фрлете се на сериозно пиење овошни сокови. Често мислиме дека ова се здрави пијалаци, но тие најчесто се многу далеку од тоа. Содржат премногу јаглехидрати, особено фруктоза, која многу бргу се претвора во сало бидејќи не може да се складира во мускулите. Наместо сокови, пијте чај без шеќер.

Уживате во чашката алкохол

Ако за време на работната недела избегнувате алкохол, и наеднаш за време на викендот внесувате голема количина од алкохолните пијалоци, треба да ви биде јасно дека сте го прекршиле процесот во кој цела недела сте внимавале што внесувате, алкохолот содржи премногу калории и тој е еден од виновниците за големите облини.

Јадете надвор

Во текот на денот јадете брза храна, или чест посетител сте на ресторани, бидејќи сметате дека се подобра варијанта за вашиот оброк отколку да готвите самите? Просечниот оброк во ресторан е калориски двојно поопасен бидејќи има повеќе од 1.000 калории. Намирниците се често високопреработени, а на пример, во слаткарниците често се користи и маргарин кој не само што дебели, туку е и штетен за крвните садови. Ако сакате да ја задржите линијата, гответе дома кога и да е тоа можно.

Јадете масна храна

Најлошата можна комбинација е да се јаде храна богата со преработени јаглехидрати и масти. Колачи, бургери, пици – ова се само дел од типичните примери на вакви комбинации. Тие нагло го подигаат нивото на инсулин, поради што масното ткиво нагло се таложи. Ако сакате јаглехидрати, барем намалете го внесувањето на масти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП