29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕфикасна храна во борбата против надуеноста

Ефикасна храна во борбата против надуеноста

efikasnahrananaduenost8

Ви претставуваме пет намирници кои ќе ви помогнат да се ослободите од непријатното чувство на надуеност.

Ако се чувствувате надуени дури и кога не претерувате со храната, време е во исхраната да ги вметнете овие намирници кои ќе ве ослободат од непријатноста.

1. Аспарагус

Аспарагусот е одличен пробиотик и диуретик кој ги исфрла токсините од вашиот организам така што ја поттикнува работата на органите за варење.

2. Ананас

Ананасот често го нарекуваат крал на овошјето бидејќи е одличен за повеќе здравствени проблеми. Ова тропско овошје со пријатен мирис и вкус содржи лековити ензими наречени бромелаини, кои поседуваат способност да ги варат протеините.

3. Краставица

Овој зеленчук е одличен за иритирана кожа, поседува диетални влакна и високо ниво на ереспин (кој помага во варењето на протеините) кои се одлични херои за здравјето на органите за варење.

4. Зелен чај

Тој содржи билни полифеноли, кои се моќен антиоксиданс кој помага при варењето.

5. Лимон

Лимонот според структурата е многу сличен со дигестивните сокови во стомакот, затоа лимонадата наутро значително ќе го прочисти вашиот организам и ќе ги намали непријатностите од овој вид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП