25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШумахер постепено ќе го будат од кома!?

Шумахер постепено ќе го будат од кома!?

sumi skiija

Mихаел Шумахер позитивно реагирал на последните тестови, па поради тоа докторите во Гренобл започнале постепено да го будат од кома.

Францускиот весник „L’Ekip“, повикувајќи се на извори од болницата во Гренобл, вели дека Шумахер е во „прогресивна фаза на рехабилитација“ и дека неговиот организам позитивно реагира на анестетиците. Овие информации на францускиот спортски весник несакала да ги коментира портпаролката на Шумахер, Сабине Кем. „L’Ekip“ истакнува дека лекарите несакале тоа да го сооптштат на јавноста за да не имаат преголеми очекувања.

„Морам да истакнам дека сите информации за здравјето на Михаел кои не потекнуваат од неговиот менаџмент или од управата на болницата можат да се сметаат за шпекулации. Затоа несакаме да ги коментираме ни последните вести“, вели Кем.

Ова во секој случај е првата добра вест за состојбата на Шумахер по еден месец во кома, по несреќата на скијање, кога ја повреди главата и поради која двапати беше опериран.

Меѓутоа, Шумахер е редок случај според зборовите на бројните експерти, затоа што во поголемиот број на слични ситуации луѓето од кома ги будат во рок од две недели.

Многу нерурохирурзи се сомневаат дека Шумахер ќе биде истиот човек како пред несреќата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП