16 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗа успешно слабеење, држете диета во друштво!

За успешно слабеење, држете диета во друштво!

dietadrushtvo1

Доколку сакате да ги стопите килограмите, спријателете се со личност која е на диета, тврдат научниците.

Луѓето кои се на диета највеќе губат килограми доколку ги поддржуваат луѓе со иста цел, вели новата студија чии автори веруваат дека и губењето на тежината е „заразно“, и најголеми резултати се постигнуваат во друштво со некој.

Докторите од Универзитетот Браун ги анализирале резултатите од онлајн натпревар во слабеење кој траел 12 недели, а за време на натпреварот на учесниците им се придружиле тимови кои се натпреварувале против други групи. Во натпреварот учествувале 987 тимови, од кои секој во просек имал помеѓу 5 и 11 членови.

Учесниците кои биле најуспешни во слабеењето играле обично во ист тим, а најдобри резултати имале групите со поголема интеракција помеѓу учесниците.

„Утврдивме дека губењето на килограми е јасно зависно од тимовите, што сугерира дека членовите се под меѓусебно влијание, бидејќи едни на други си пружаат поддршка и охрабрување“, вели доктор Триша Лихеј.

„Сите сме под влијание на луѓето околу нас, па така можеме да создадеме и опкружување кое дополнително би не поттикнало на губење на тежината“, вели таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП