6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗдрави додатоци во исхраната

Здрави додатоци во исхраната

dodatocikechap

Често користиме додатоци во исхраната поради тоа што тие му даваат дополнителен вкус на јадењето. Но, дали сте се запрашале колку се здрави или дали може да влијаат врз вашата линија?

Најновите истражувања велат дека одредени зачини и додатоци во исхраната можат да го намалат апетитот, да го подобрат дигестивниот тракт, а некои влијаат и врз памтењето и болестите на срце. Сега ви нудиме листа на додатоците кои покрај што се вкусни, имаат и скриена корист за вашето тело:

Лут сос

Одлична вест за љубителите на луто кои се во вечна „пресметка“ со килограмите – лутите пиперки го намалуваат апетитот. Сосот направен од овие намирници ги ублажува знаците на глад и го подигнува нивото на хормонот GLP-1 кој е одговорен за апетитот.

Кечап

Неминовниот зачин кој се користи речиси во секое јадење може да го намали ризикот од болести на срцето. Во италијанската смеса од домати се наоѓа антиоксидантот ликопен кој го забавува развојот на атеросклезроза, велат резултатите на научниците.

Рен

Ренот е богат со глукозинолати кои ја подобруваат работата на црниот дроб. Иако не е толку „популарен“ меѓу здравите намирници, тој има дури десет пати повеќе глукозинолати од брокулата која важи за најздрава намирница. Ренот е добар антиоксидант, а може да го спречи и растот на постоечки тумор кај болните. За најдобар ефект, консумирајте една четвртина лажичка рен дневно.

Рузмарин

Научниците од Универзитетот во Канзас откриле дека рузмаринот ги елиминира канцерогените агенси кои се создаваат во секоја зготвена храна. Ова се однесува најмногу на акриламидите кои најчесто се наоѓаат во храната од скроб. За да ги намалиме ефектите, доволно е на 450 грама брашно да додадеме една лажица сушен рузмарин. Овој зачин со прекрасен мирис може да се користи на повеќе начин, можете да го користите за маринирање месо или да го додадете во останатите готвени јадења.

Црн бибер

Научниците од Универзитетот во Мичиген откриле дека една состојка која се наоѓа во црниот бибер може да го спречи создавањето на канцерогени клетки.  Затоа не се плашете од биберот, додадете го во вашите јадења.

Маслиново масло

Добро познато е дека маслиновото масло е здраво и може да се користи на повеќе начини. Тоа содржи омега-9 масни киселини кои помагаат за подобра работа на мозочните клетки. Консумирајте неколку лажици маслиново масло во текот на денот за да ги имате посакуваните ефекти.

Кисела зелка

Киселата зелка е одлична за варењето на храната, бидејќи ја содржи пробиотичката бактерија „Lactobacillus plantarum“, што помага во проблемот со гасови или надуеност. Затоа, додадете кисела зелка во вашата салата или ако не ви пречи нејзиниот вкус слободно можете салата да ја направите само од неа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП