4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПет економски сценарија за 2014 година

Пет економски сценарија за 2014 година

scenarija

На почетокот на годината сценариото на Oxford Economics предвидува зајакнување на глобалното економско заздравување како што се ближи крајот на 2013 година.

Заздравувањето, како што беше предвидено, требаше да биде резултат на забрзувањето на растот во САД и зголемувањето на светската трговска размена, но исто така и позитивните трендови на пазарите во развој.

Сепак, овие три фактори не придонесоа како што се очекуваше и растот остана на “стаклени нозе”: Индија и Бразил најмногу разочараа, а обемот на светската трговија забележа втора година по ред на ниско ниво. Дури и САД и Еврозоната забележаа резултати послаби од очекуваните. Ова се можните сценарија на Oxford Economics за следната година:

 

1. Сепак, постои причина за оптимизам, најнапред поради враќањето на довербата на инвеститорите во развиените пазари како што се Јапонија и Велика Британија, каде што е забележан раст на БДП од 3%, а исто така и Кина покажува знаци на скромно забрзување. Од друга страна САД стабилно расте. Според тоа, сценариото на глобалниот раст на БДП од 2,8 % во 2014 година (во однос на 2,1 % оваа година) може да се постигне, и за тоа шансите се околу 50%, според новиот извештај на Oxford Economics.

 

2. Oxford Economics предвидува дека FED ќе започне со намалување на квантитативното олеснување во март следната година, што би можело да доведе до повлекување на дел од странскиот капитал од економиите во развој, особено во кревките економии во развој како што се Бразил, Индија и Турција, со силна амортизација на каматните стапки во овие земји и оппаѓањето на довербата на инвеститорите. Во тој случај, БДП во овие земји во текот на следните две години силно ќе забави. Ова сценарио предвидува натамошен пад на пазарот на недвижности во Кина. Поради значителното забавување на економијата и развојот, страдаат и развиените економии, а глобалниот БДП би опаднал на 2,4% и 1,8% во 2014 и 2015 година. Веројатноста за остварување на ова сценарио се очекува да биде само 10%.

 

3. Дефлација во еврозоната. Доколку дојде до истата, би можела да потрае до 2018 година. Со слаб раст, тоа би имало разорен ефект, бидејќи државниот долг на веќе презадолжените европски земји ќе го премине критичното ниво. Од земјите на “периферијата” на еврозоната, Грција повторно би претрпела најмногу штета и ќе биде исфрлена од еврозоната, додека од развиените економии Франција би претрпела најголема штета. Можноста за остварување на ова сценарио во 2014 година е 10%.

 

4. Потрошувачите во САД, поради неизвесноста на регулаторите за да се спроведе монетарната и фискалната политика, “конечно” ја губат довербата и побарувачката ќе се намалува, што брзо ќе се одрази од најмоќната економија во светот и во другите држави. БДП во САД би опаднал за 1,5% и 1,3 % во наредните две години, еврозоната ќе падне назад во рецесија, и како резултат на тоа може во исто време да почне и Сценариото 3. Глобалниот економски раст би се забавил на 1,7%, а евентуален скок преку стимулирање на економиите на некои економии во развој може да се случи дури во 2018 година. Веројатноста е 10% за ова сценарио.

 

5. Економијата на САД би можела да изненади со големо забрзување во 2014 година, па дури и мерките за штедење на ЕУ може да доведат до сигурно заздравување во “периферијата” на Унијата. Во тој случај, најчесто предвидениот раст би се покажал како недоволен: светската економија би се зголемила за повеќе од 4% во 2014 година. Можноста за ова сценарио од страна на Oxford Economics е 15%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП