23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да се подготвите и мотивирате за вежбање?

Како да се подготвите и мотивирате за вежбање?

vezbanje11vez

Добрата музика, силниот мотив и добро смислениот план се ветровите кои дуваат во грбот на секој сериозен рекреативец. Како да се подготвите и како да ја одржите силната мотивација?

1. Прво кај докторот

Пред да започнете со било каква програма за телесни вежби направете еден систематски преглед и дознајте ги слабите точки на вашето тело. Во идеални услови би требало да го дознаете и процентот на масни наслаги во телото и да разговарате со тренерот кој ќе ви состави специфичен програм за тренинг и ќе процени во каква форма сте.

2. Започнете полека

Преголем број на почетници грешат започнувајќи со тренинзи со пренапорно темпо. Ако веќе подолго време не сте вежбале (или воопшто), започнете со лесен програм за враќање на кондицијата. Пешачење и лесен џогинг од 30 минути, три пати неделно не е лоша варијанта за почеток пред да започнете со посериозни вежби.

3. Водете евиденција

Секој ден запишете што сте вежбале, како се чувствувавте при тоа и колку напредувавте од минатиот пат.

4. Во планерот запишете го точно одреденото време за вежбање

Барем додека не ви стане тренирањето рутина, ова е добар начин за стекнување на навиката.

5. Помош од пријател

Наговорете некој пријател или пријателка, сопружник или било кој со кого соработувате да доаѓа со вас и да тренирате во пар. Ова е добра стратегија барем додека не станат видливи промените на вашето тело кога нема да ви треба дополнителна мотивација или некој кој ќе ве натера да станете од кревет и да одите на тренинг некогаш кога едноставно ќе ве фати мрза.

6. Секој ден направете една ситница за вашето здравје

Ова може да биде и нешто многу едноставно како пиење на една чаша вода повеќе од обично или паркирање нешто подалеку од работното место. Ќе се чувствувате подобро затоа што придонесувате за вашето здравје, и побргу ќе влезете во „здраво тело-здрав дух“ расположението.

7. Наградете се

Масажата за уморните после тренинг мускули кога сте постигнале некоја цел (или пак од материјален аспект, купувањето на нови тренерки) ќе придонесе за дополнителна радост кај вас.

8. Поставете си дневни или неделни цели

Долгорочните цели се одлична работа, но за да ја одржите мотивацијата ви требаат и некои краткорочни и полесно остварливи. Кога ќе ги реализирате, наградете се – но наградите не смеат да бидат во „јадлива“ форма. Пример, зададете си цел да слабеете по половина килограм неделно.

9. Подгответе се на време

Подгответе си го ранецот со потребната опрема за тренирање уште од вечерта пред тренингот. Ако вежбате дома, облеката за вежбање распостелете ја на креветот така што веднаш ќе може да ја облечете.

10. Јадете редовно, помалку и ако е можно – почесто

Во текот на целиот ден јадете редовно – ќе имате доволно енергија за тренинг. Редовното и зачестено јадење ќе придонесе за внесување на помала количина храна во вашиот организам која полесно ќе се преработи, а вие нема да чувствувате глад кој води до прејадување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП