3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Групата „Денјуб Фудс“ повторно почна преговори со потенцијални купувачи за продажба на српската  млечна индустрија „Имлек“, соопшти директорката за корпоративни и регулаторни работи на групацијата Светлана Глумац. Таа во интервју за новиот број на „Бизнис и финансии“ не прецизира со кои компании преговара „Денјуб Фудс“, но истакна дека продажбата е стратешка цел до која нема да дојде наскоро.

Белград – Срспките хотелиерите бараат властите да му понудат посебни услови на некој голем инвеститор со цел да се покрене целиот туризам во Србија, пишуваат „Новости“. Според весникот, ако американскиот бизнисмен Доналд Трамп навистина се одлучи да изгради хотел во Белград, српските хотелиери сметаат дека Владата треба да формира „одбор за дочек“ и да донесе „лекс специјалис“ за да му овозможи услови за инвестирање.

Белград – Владата на Србија даде согласност за покренување на постапка за приватизација на фармацевстките компании „Галеника“ и „Политика“. Врз основ на таа одлука, ќе се објават тендери за продажба на државниот удел во тие две компании.

Белград – Кина сака да им помогне на земјите на Централна и Источна Европа во изградба на инфраструктури и тоа со кредит од 10 милијарди долари, порача премиерот на Кина Ли Кечијанг. Тој наведе дека Кина овој дел од Европа го цени поради висококвалитетните месни и млечни производи и виното, одличните туристички понуди и можности за инвестиции во инфраструктурата. Ли во текст во белградска „Политика“ наведува дека неговата посета на Букурешт на Вториот самит на Кина и земјите на Централна и Источна Европа дополнително ќе придонесе за развој на сорабтката со 16 земји од регионот.

Белград – „Електростопанство на Србија“ (ЕПС) во текот на грејната сезона нема да побара поскапување на струјата, изјави директорот на компанијата Александар Обрадовиќ. Тој рече дека граѓаните ќе бидат мирни до пролет, но и од пролет, бидејќи ЕПС стана стабилен систем. – Граѓаните можат да бидат мирни. ЕПС во текот на оваа грејна сезона нема да бара поскапување на струјата, рече Обрадовиќ.

Белград – ЕУ ќе го поддржи претприемаштвото во регионот на Западен Балкан со 140 милиони евра низ регионален фонд кој треба да почне да работи кон средина на следната година. – Фондот ќе овозможи дополнителни избори на поповолно финансирање, што моментно е една од главните пречки за развој на домашното стопанство, како и зголемување на конкурентноста, пред се на малите и среди компании, рече специјалната советничка на министерот за стопанство на Србија, Ана Трбовиќ, на регионалната конференција Европска мрежа за претприемаштва во Стопанската комора на Србија. Како што објасни таа, во Фондот ќе учествуваат Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициона банка, Европскиот инвестициски фонд, а државите од регионот со помал дел ќе учествуваат со средства од своите буџети.

Подгорица – Србија и натаму е земјата од која Црна Гора најмногу увезува и во која извезува, соопшти црногорскиот Завод за статистика Монстат. Надворешно-трговската размена на Црна Гора во првите 10 месеци од оваа година изнесуваше 1,8 милијарди евра, што е пад за 2,4 отсто во однос на истиот период во 2012 година. Црна Гора од јануари до крајот на октомври извезла стока во вредност од 309,5 милиони евра, што е повеќе за 2,5 отсто во однос на истиот период лани, а увезла за 1,49 милијарди евра, што е за 3,3 отсто помалку од истиот период лани.

Дубровник – Во Хрватска почна изградбата на туристичкиот проект „Хрватски сон“, кој е планиран на плажата Три сестри во Дубровник. Како што се наведува, планирана е изградба на седум хотели, над 200 вили и апартмани и големи плажи со 400 везови. Склучени се веќе три договори со инвеститорите, а проектот е вреден седум милијарди куни, околу 920 милиони евра.

Брисел – Почнувајќи од 2017 година на полиците во продавниците во ЕУ ќе можат да се најдат само правосмукалки со јачина до 900 вати. На сите апарати ќе се наоѓаат налепници кои купувачите ќе ги инфромираат колку енергија трошат. Просечна нова правосмукалка денес има моќност од 1.800 вати. Оваа мерка, според критичарите, е една од тивките одлуки на бриселските бирократи и европските парламентарци со цел намалување на трошењето струја, која на јавноста не и била никогаш јасно претставена.

Лондон – Истражување спроведено на „Империјал Колеџот“ од Лондон откри повеќе знаци на стрес на ДНК на невработените лица. Имено, се работи за еден од показателите на стареење, т.е. намалување на теломерот. Теломерите се структури на ДНК сместена на краевите на хромозомите, а нивното кратење веќе е поврзано и со голем ризик за болестите кои се почести во повозрасни години од животот.

Брисел – Додека многу европски земји се борат со кризата, Естонија оствари економски раст од четири отсто, за што посебно придонесува енергетскиот сектор. Поранешната советска република е прва земја во светот која со производство на нафта од шкрилци речиси целосно ги задоволува енергетските потреби. Со 20 милиони тон годишно, Естонија е втор производител на гас од шкрилци во светот по Кина. Електраната во рударската област кај естонскиот град Нарва, е најголема постројка во светот за производство на струја и нафта од шкрилци. Само производството на нафта од шкрилци носи средства од четири отсто од БДП на Естонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП