24 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗЛАТОТО НАЈБАРАНО: Во 2024 година ја има најуспешната година во однос на...

ЗЛАТОТО НАЈБАРАНО: Во 2024 година ја има најуспешната година во однос на растот на цените

Според најновите податоци од Светскиот совет за злато, глобалната побарувачка за злато во првиот квартал од 2025 година достигна 1.206 тони, што претставува раст од 1 процент во споредба со истиот период од претходната година.

Во тој период, цената на златото се зголеми за дури 38 проценти, а во 2024 година се покажа како шеста најуспешна година во однос на растот на цената на златото во 21 век. Овој ненадеен скок на цените е резултат на значајни промени на глобално ниво, како во однесувањето на инвеститорите, така и во стратегиите на централните банки.

Кога зборуваме за индивидуалните инвеститори – кои најчесто купуваат златни прачки и златни монети, но и ETF-ови базирани на злато – гледаме дека побарувачката за инвестициско злато се зголемила за дури 170 проценти во последната година. Најголем придонес за овој раст доаѓа од Европа и Азија. Откако Европејците се фокусираа повеќе на продажба на злато во текот на изминатата година поради политички и економски неизвесности, особено поврзани со трговската војна со САД, сега сме сведоци на промена во инвестициското однесување.

Во исто време, глобалните инвеститори повторно се вртат кон инвестирање во злато преку ETF-и. Овие инструменти овозможуваат купување злато без негово физичко поседување – таканареченото „хартиено злато“, каде што инвеститорот има документ што потврдува дека поседува одредена количина злато. Средствата на овие фондови пораснаа за 333 проценти во изминатата година, а најзначајните инвестиции дојдоа од Северна Америка (главно САД) и Азија.

Во Азија, Кина е најголем пазар за ETF-и на злато, при што кинеските фондови сочинуваат 80 проценти од вкупните азиски ETF-и во категоријата.

Сепак, дури и со овој раст, ETF-ите базирани на злато сочинуваат само 8 проценти од вкупните средства на сите глобални ETF-и. Во 2015 година, кога цената на златото достигна рекордно високо ниво од речиси 2.000 долари за унца, златните ETF-ови учествуваа со над 11 проценти од вкупните средства на ETF-ите ширум светот.

Податоците покажуваат дека желбата за поголеми златни производи е поизразена отколку за помали. Главната причина за ова се пониските маржи на поголемите производи – поради фиксните трошоци за производство, тие зафаќаат помал процент од вкупната цена на поголемите единици злато (на пр. над 20 грама) во споредба со оние од еден грам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП