28 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Банка АД Скопје ќе подели дивиденда на акционерите 2 596 денари...

НЛБ Банка АД Скопје ќе подели дивиденда на акционерите 2 596 денари бруто по акција

НЛБ Банка АД Скопје поднесе Предлог-одлука за определување износ на дивиденда и утврдување дивиденден календар на кое Собранието на 29.05.2025 година треба да ја донесе.

Согласно со Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по Годишната сметка и финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје за 2024 година, на акционерите ќе им исплати дивиденда во бруто-износ од 2.217.142.356 МКД.

Износот на бруто-дивидендата по акција изнесува 2.596 денари.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 10.06.2025 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 11.06.2025 година.

Исплатата на дивиденда ќе започне на 25.06.2025 година.

НЛБ Банка АД Скопје во 2024 година оствари добивка на износ од 3.216.859.548 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП