
Овен (21.03 – 20.04)
Вашиот партнер ќе биде задоволен доколку ја оставите вашата тврдоглавост на страна и почнете да ги исполнувате неговите желби. Малку попустливост од ваша страна не е на одмет. Попладневното кафе со пријателите е добар избор за денес.

Бик (21.04 – 21.05)
Немојте да се изненадите доколку им се допаднете на некои непознати. Доколку сте во врска, ќе доживеете нови искуства во неа, а доколку сте слободни, најверојатно ќе запознаете интересна личност. Работните обврски сте ги запоставиле, внимавајте можно е да бидете казнети.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Вашите емоции денеска оставете ги на страна. Не размислувајте за минатото и вашиот поранешен партнер. Фокусирајте се на иднината и се ќе биде во ред, а можни се и неколку нови пресврти на љубовен план. Размислете внимателно и направете го она што е најдобро за вас, а би било добро и доколку побарате совет од некој пријател.

Рак (22.06 – 22.07)
Сметате дека сте ги победиле сите непријатели и веќе ништо не ви стои на патот на успехот. Во моментов сте во право, но не очекувајте ситуацијата да потрае. Можеби непријателот само се притаил за подобро да го испланира следниот чекор. Доколку сте слободни, денес може да сретнете една личност од минатото.

Лав (23.07 – 22.08)
Шансите за напредок на професионално поле се неизбежни. Ако во последно време ја изгубивте страста кон партнерот, денеска повторно ќе ја разбудите. Ќе добиете повик од кој ќе дознаете некои позитивни вести.

Девица (23.08 – 22.09)
Можеби вашата претерана независност вам ви се допаѓа, но на вашиот партнер тоа му оди на нерви. Поразговарајте со него во врска со тоа и заедно најдете некакво решение. Вечерта поминете ја со своето семејство и со најблиските.

Вага (23.09 – 22.10)
Неодлучноста може да ви одмогне во многу работи, па затоа не двоумете се многу. Правете ги оние работи кои на вас ви се допаѓаат и нема да погрешите. Одвојте малку време и за вашето милениче, кое почнавте да го запоставувате.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ако сте невработени, можно е денес да бидете повикани на разговор за работа. Полни сте со самодоверба и сметате дека ништо не може да ве изненади. Меѓутоа, подгответе се добро, затоа што прашањата можат да бидат нејасни и двосмислени. Ако сте вработени, на најдобар пат сте да постигнете успех.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Денес внимавајте како комуницирате со луѓето околу вас. Се чувствувате многу силно и сметате дека имате доволно аргументи за да ги надзборите сите. Меѓутоа таа преголема храброст може да ви донесе непријатели меѓу колегите. За вас е најдобро да бидете она што сте и да се занимавате со повесели теми.

Јарец (22.12 – 20.01)
Денес ќе имате големи планови кои имаат шанса да се реализираат. Подобро е да побрзате со реализацијата, затоа што партнерот станува нетрпелив. Премногу долго живее од вашите ветувања и веќе трпението му е на крај. Обидете се да го сфатите, не се живее од надеж.

Водолија (21.01 – 19.02)
Вашата интуиција и снаодливост нека ви послужи во идеите за нови проекти и шансите за заработка. Слободното време искористете го за вашиот партнер, кој едвај чека да ве види. Некое пријатно изненадување од семејството ќе допре длабоко во вашето срце.

Риби (20.02 – 20.03)
Денес искористете го вашето добро расположение за да ги развеселите и луѓето околу вас. Доколку некој ваш пријател се наоѓа во тешка ситуација, обидете се да му помогнете со давање на некој топол пријателски сове