28 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗКупувачите полудуваат по новата „Mazda“ (ФОТО)

Купувачите полудуваат по новата „Mazda“ (ФОТО)

Многу традиционални производители на автомобили се борат да го следат експлозивниот раст на кинеските стартапи за електрични возила, но „Mazda“ покажува дека сè уште може да изненади.

Јапонскиот бренд претстави сосема нов електричен SUV во Кина – „EZ-60“, кој веќе привлече огромно внимание и повеќе од 10.000 преднарачки во рекордно време.

За разлика од моделите што „Mazda“ ги продава низ целиот свет, „EZ-60“ е развиен во соработка со кинескиот производител „Changan“ и ја дели платформата со „Deepal S07“.

Сепак, „Mazda“ го стилизираше во препознатлив јапонски стил, подготвувајќи го за глобални испораки. Надвор од Кина, „EZ-60“ ќе ја носи ознаката „CX-6e“.

Според „CarNewsChina“, „Mazda“ собрала точно 10.060 преднарачки за само 48 часа од премиерата, објавува веб-страницата „CarScoops“.

Сепак, важно е да се напомене дека претходната нарачка не значи и конечна куповна – заинтересираните купувачи депонираат симболични 10 јуани (околу 1,40 долари) и не се обврзани всушност да го купат возилото. Ваквата практика е вообичаена во индустријата, но конечниот процент на реализација останува непознат.

На саемот за автомобили во Шангај, „Mazda“ го претстави „EZ-60“ во верзија со продолжен дострел. Возилото користи 1,5-литарски атмосферски четирицилиндричен мотор како генератор за полнење на батерија од 31,7 kWh. Батеријата напојува електричен мотор кој ја пренесува моќноста на задната оска и развива 255 ks.

Спецификациите за целосно електричната верзија сè уште не се објавени, и останува да се види како ќе реагира пазарот кога „Mazda“ ќе ја претстави таа варијанта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП