18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАУтре прва седница на Економско – социјалниот совет

Утре прва седница на Економско – социјалниот совет

По три месеци конечно утре ќе се оддржи првиот состанок на Економско социјалниот совет. Новите властите конечно најдоа време на заедничка маса да седнат со работодавачите и синдикатите. Тоа што сега е новина е дека наместо министерот за труд и социјала, претседтел на овој совет ќе биде министерот за економија и труд. Оваа промена доаѓа откако се случи распределба на министерствата и ресорот труд се спои со економија.

Утрешната прва средба на Економско социјалниот совет по се изгледа дека ќе биде само протоколарна. Со оглед на тоа што ќе се оддржи во владината зграда, а не во просториите каде се одвиваат уредбите на трите претставници на ова тело, властите, работодавачите и работниците. Овие информации за Денар ги потврдија високи претставници на владата. Секако неформално, работодавачите ќе имаат многу повеќе да му посочат на претставниот на власта, министерот за економија и труд.

„Во чеврток, со почеток во 12 часот, во Свечената сала на Владата на Република Северна Македонија, министерот за економија и труд, како претставник на Владата, заедно со претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија и претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија, како претставници на социјалните партнери, ќе ја потпишат Спогодбата за изменување на Спогодбата за основање на Економско- социјален совет.“

Од Организацијата на работодавачи за Денар велат дека на првата средба ќе настапат со теми кои им се битни во моментов, а истите ги имаат испратено и лично до премиерот Христијан Мицкоски.

Секако велат дека ќе ги актуелизираат и старите барања, а тоа се мерки за подобрување на продуктивноста и ангажирање на неактивното население во земјава се со цел да се пополни некоја дупка на пазарот на труд. Работодавачите веќе истакнаа дека очекувале многу повеќе од новата власт, да биде поефикасна во водењето на економските политики.

„Очекувавме дека оваа Влада ќе има сенс за бизнисот, за сите оние кризи со кои се соочуваме во работењето, меѓутоа она што се зборуваше во изминатиот период беше само зголемување на платите на јавната администрација, земање кредити за општините, заобиколување на проблемите со кои се соочува стопанството во делот на продуктивноста и на немањето работна сила. Со еден збор – ништо. Немаме никаква конкретна информација на кој начин ќе одат парите од кредитот за бизнисот“, велат од Организацијата на работодавачи.

Од Сојузот на синдикати остануваат на своето основно барање, раст на минималната плата од 450 евра. Синдикалците велат дека ништо не може да ги убеди дека нема услови за таа висина на минималецот, со образложение дека најголемиот дел од стопанствениците се подготвени да ја плаќаат оваа сума како минимална плата, но секако дека потребно е да се направи бизнис клима од страна на властите за се да функционира како што треба.

„450 евра не само што е реалност туку и неопходно, особено поради тоа што ние укажувавме цело време дека додека ние разговараме, дали треба да се зголеми минималецот во Македонија, државите од регионот го зголемуваат со забрзано темпо. Минималецот во Црна Гора изнесува 600 евра за оние со средно и 800 евра за оние со повисоко образование, во Бугарија е 500 евра, во Србија и БиХ е 500 евра”, велат од ССМ.

Според законскотот решение, минималната плата најдоцна треба да се зголеми на почетокот на март идната година. Но работниците – односно граѓаните очекуваат тоа да се случи многу побрзо, бидејќи повисок минималец ќе значи и услов за повисока просечна плата.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП