Генетиката, животниот стил, парите, здравствените услови и бројни други фактори често влијаат на тоа дали ќе бидеме слаби, витки, прекумерно тешко или дури и дебели.
Во западниот свет денес е се поголем бројот на лицата со прекумерна тежина, но оние кои во оваа статистика успеваат да останат природно витки, без диети и откажувања, делат некои заеднички карактеристики кои лесно може да се претворат во правила за здрав животен стил.
Според истражувањата, природно витките луѓе ги имаат следниве навики:
Никогаш не се на диета
Честопати луѓето виткоста ја поврзуваат со строги диети и ригидни прехрамбени навики. Но, овие диети главно не даваат резултат, ниту пак се долгорочно одржливи. Исто така, поврзани се силно чувство на глад, фази со прејадувања, пореметување во исхраната. Во секој случај станува збор за неуспешен обид за губење на тежината.
Го слушаат своето тело
Природно витките луѓе јадат кога се гладни. 23 отсто од луѓето кои се природно витки, го слушаат својот внатрешен глас за глад, внимаваат на исхраната, но не се опседнати со неа.
Ја јадат вистинската храна
15 отсто одбираат висококвалитетна, непреработена храна. Тоа значи јадат повеќе сезонско овошје и зеленчук, од месо најмногу риба, а за меѓуоброци овошје или ореви, лешници, бадеми…
Готват
Тие сами готват и ја подготовуваат храната која ја јадат. Истражувањата покажале дека луѓето кои готват дома 6-7 пати неделено јадат здраво и внесуваат помалку калории.
Јадат и надвор без грижа на совет
Кога јадат во ресторан, избегнуваат фаст-фуд храна. Клучно е, велат, да се избере вториот најздрав оброк во менито. На тој начин не чувстуваат дека нешто губат, а сепак, ја одбрале храната која не е полна со калории.
Секогаш појадуваат
Дури 96 отсто од лицата кои се природно витки веруваат во појадок. Прескокнување на појадокот води кон прејадување и собирање вишок килограми. Појадок богат со белковини како јајца или грчки јогурт на мозокот му дава енергија, шеќерот го доведува во нормала и го забрзува метабоизмот.
Вежбаат
42 осто од витките луѓе се занимава со некаква физичка активност пет до 7 пати неделно. И што е најважно, тоа не го сфаќаат како казна, туку како задоволство.
Многу се движат
И кога не вежбаат, трошат калории блаодарение на тоа што одат пеш на работа, работат во градината, играат со децата, едноставно многу се движат. На тој начин може да потрошат и до 1000 калории дневно.
Си угодуваат без грижа на совест
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои после појадокот се частат со десерт, како чоколаден мус на пример, имаат подобри резултати во зачувување на линијата, помалку се гладни, задоволни се, за разлика од оние кои категорично не јадат благо.