Трошоците на граѓаните во јули годинава во однос на истиот месец лани се зголемени за три отсто. Официјалните податоци на Државниот завод за статиастика велат дека и натаму растат трошоците за храна, здравство, транспорт. Најмногу се поскапени угостителските услуги. По двомесечниот пад на трошоците сега и на месечно ниво има зголемување на трошоците за живот од 0,7 отсто. И натаму граѓаните неможат глава да кренат од секојдневните поскапувања. Најголемиот дел од семејниот буџет е резервиран за набавка на храна. Властите очекуваат дека инфлацијата годинава ќе биде на ниво од 3,5 отсто.
Храната повторно бележи поскапување на годишно ниво за близу еден отсто. Кај другите трошоци на граѓаните според статистика секаде има раст, односно за една година за 5,6 отсто поскапи се алкохолните пијалаци и тутунот, облеката и обувките за 2,3 отсто, мебелот и покуќнината за 3,2 отсто, здравствената заштина за 5,8 отсто, транспотрот за 4,8 отсто, комуникациите 3 отсто, рекреација и култура 5,7 отсто, образованието 0,7 отсто, а најмногу има поскапување кај ресторанските услуги за цели 13,8 отсто.
„Во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: облека и обувки за 0.5 %, храна и безалкохолни пијалаци за 0.2 %, комуникации за 0.1 %. Трошоците на животот во групите: мебел, поќукнина и одржување на домаќинствата и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Индексот на цените на мало во јули 2024 година во однос на јуни 2024 година изнесува 101.5. Индексот на трошоците на животот во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи зголемување од 3.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.9 %“, се наведува во извештајот на ДЗС.
Сите предвидувања во однос на инфлацијата се дека таа полека ќе се намалува и до крајот на годинава ќе се стабилизира на едно прифатливо ниво слично како што беше пред неколку годишната енергетска криза.
Од нешто под два отсто до три и пол отсто се движат предвидувањата како на домашните така и на меѓународните експерти и институции за стапката на инфалција за годинава. Од најоптимистички па се до најпесимистички очекувања, но на тоа што можат да сторат граѓаните.
Секојдневното поскапување на производите кои редовно ги набавуваат придонесува во континуитат да се намалува куповната моќ. Платите растат во најголема мера само статистички, а од друга страна само бројките покажуваат дека цените се намалуваат. Ваквиот развој на настаните го намали и квалитетот на живот на граѓаните. Се купува тоа што е поевтино, овошјето и зеленчукот како прва асоцијација за здрава храна стана луксуз, посетата на културни манифестации за многумина е веќе невозможна мисија, транспортот е се поскап, а набавката на ново парче облека повеќе не е задоволство или релаксација, се купува најосновното и најнеопходното. Ова во принцип се најчестите одговори на граѓаните кога станува збор трошењето на домашниот буџет.
Експертите предупредија да не се носат државни мерки кои ќе ја потикнуваат потрошувачката, а тоа најчесто се поврзува со вештачкото зголемување на платите. Од друга страна пак властите во ребалансираниот буџет за годинава предвидуваат дека инфлацијата ќе биде на ниво од 3,5 отсто.
И.П