26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМонтажни куќи - паметен одговор за долгорочно решавање на станбеното прашање!

Монтажни куќи – паметен одговор за долгорочно решавање на станбеното прашање!

Монтажните куќи секојдневно стануваат се поатрактиквно решение за обезбедување на мали до средно големи градби и најчесто на домашниот пазар се перципираат како викенд куќи или „брвнари“. Сепак, компанијата „Кобил“ од Битола, благодарејки на своето долгогодишно искуство во областа на енергетски ефикасното градежништвото, концептивно ги менува погледите за содржината и придобивките на предфабрикуваните куќи да му ги овозможат на инвеститорот и неговото смејство, на долгорочен план.

1. Виртуозно инжинерство во служба на модерната архитектура!

Сите куќи, без разлика на големината, архитектурата и потребата на клинетот, се подобни за постојано и долготрајно живеење, а системот составен од предфабрикувани градежни елементи се произведува со голема прецизност и точност, кој пак резултира со брза и квалитетна изведба. Материјалите кои се употребуваат при производството на куќите се од реномирани и сертифицирани производители и во согласност со европските стандарди.

Ѕидовите на куќата се изработени од носива челична конструкција во комбинација од природни цеметно-гипсени материјали, помеѓу кои се наоѓа термичка изолација.

Потребите за одржување на куќата се намалени во споредба со традиционалната градба.

Секој клиент својата визија и идеја за тоа како треба да изгледа и кои се барањата од неговата нова куќа, ја развива заеднички со стручниот тим. За таа цел се изготвуваат бројни архитектурни 3D симулации и технички цртежи за тоа како градбата завршно ќе изгледа. 

Куќата, се изведува според архитектонскиот проект како и сопред карактеристиките наведени во елаборатите за енергетска ефикасност и статичките пресметки за стабилност и издржливост на куќата.

2. Брзата изведба и склопот на материјалите во енергетско ефикасен префабрикат, главен фокус на странските клиенти!

Прецизната изработка на префабрикуваните делови, во производствените погони во Битола, според највисоките европски стандарди, го пронаоѓа патот кон странските пазари. Досега успешно се реализирани повеќе проекти во Германија, Кипар и Грција, а во фаза на разработка се и посериозни проекти за индивидулани куќи сместени во мини населби со специјална намена за сместување на пензионери и ивалидни лица.

3. Удобност значи и енергетска независност!

Пеформансите на одличната енергетска ефикасност на куќите се докажани од повеќе годишни мерења во реални услови, според реалните потреби на семејствата кои веќе живеат во нив во зимски и летен режим.

Предизолираните ѕидни, тавански и подни површини, кои инаку во традиционалната градба се најголемите „конзументи“ на топлинската енергија, се всушност фундаментот врз кој се базира енергетската ефикасност на овие куќи.

Предфабрикуваните куќи од „Кобил“ покрај архитектурната слобода, во својот концепт ја вклучуваат и искористеноста на сончевата енергија преку фотонапонските панели, за управување на целокупното домаќинство, а најмногу за регулирање на амбинталната темепратура во самата куќа.   

Со помош на смарт системите за активно балансирање на енергијата добиена од законскиот максимум за инсталирање на 6κWh фотонапонски систем на индивидуални куќи, и минимални вложувања во подно греење по принципот на кабелска инсталција, греењето, ладењето како и обезбедувањето на топла санитарна вода стануваат целосно бесплатни.

4. Природна светлина за дом што сјаје!

Концептот на идивидуланото живеење, односно живеењето во куќа секогаш има предност плус, а тоа е непосредноста до окружувањето и природата. Во „Кобил“ младите и талентирани архитекти секогаш водат сметка куќите да располагаат со доволно природна светлина и природно проветрување на просторот.

Особена гордост е воведувањето на аголни прозори без столб, кои покрај екстравагатниот изглед на фасадата, визуелно го зголемуваат просторот во кој се поставени и се вистински печат на иновативноста во градбата, која инаку не би можела да се постигне со конвенционалните изведби.

PVC столаријата која се вградува во куќите е од сертифицирани и реномирани германски производители.

5. Докажана исплатливост

Финансики гледано инвестирањето во монтажна куќа е далеку поисплатлива инвестиција за разлика од купувањето на друг вид на недвижност. Во моментот, комплетна инвестиција во монтажна куќа, со купување на градежн плац би чинела околу 1/2 од инвестицијата во стан. Сумирајки ги и останатите придовики при производството на енергија, еколошкиот аспект, интимноста која куќата ја нуди и помалиот финансиски ризик, монтажните куќи се навистина паметен одговор на денешниот начин на живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП