28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСѐ потешко Русија ги собира парите од нафтата

Сѐ потешко Русија ги собира парите од нафтата

Руските нафтени компании се соочуваат со одложување на исплатата на суровата нафта и горивото до неколку месеци, бидејќи банките во Кина, Турција и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) стануваат претпазливи за секундарните американски санкции, изјавија извори за „Reuters“ запознаени со ова прашање.

Одложувањата на плаќањето ги намалуваат приходите на Кремљ и ги прават нестабилни, дозволувајќи му на Вашингтон да ги постигне своите двојни политички цели на санкции – да ги прекине парите што одат во Москва за да го казни Путин за војната во Украина, а не да го наруши глобалниот проток на енергија.

Според изворите на новинската агенција, неколку банки во Кина, ОАЕ и Турција ги засилиле барањата за усогласеност со санкциите во последните недели, што доведе до одложување или дури и одбивање на трансфери на пари во Москва. Банките кои се претпазливи за секундарните санкции на САД почнаа да бараат од нивните клиенти да дадат писмени гаранции дека ниту едно лице или ентитет од списокот на Специјално назначени лица (SDN) на САД не е вклучено во трансакцијата или дека е примател на плаќањето.

Во ОАЕ, „First Abu Dhabi Bank“ (FAB) и „Dubai Islamic Bank“ (DIB) суспендираа неколку сметки поврзани со трговија со руски стоки. Во меѓувреме, „Mashreq Bankод“ ОАЕ, турските „Ziraat“ и „Vakifbank“ и кинеските „ICBC“ и „Bank of China“ сè уште ги обработуваат плаќањата, но тоа трае со недели или месеци.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков потврди дека има проблеми со исплатите.

„Се разбира, невидениот притисок од Соединетите Американски Држави и Европската Унија врз Народна Република Кина продолжува. Тоа, се разбира, создава одредени проблеми, но не може да биде пречка за понатамошен развој на нашите трговски и економски односи “, рече Песков за време на неговата дневна конференција со новинарите.

Извршна наредба на САД

Западот воведе повеќекратни санкции кон Русија откако таа ја нападна Украина во февруари 2022 година. Зделките со руската нафта не се незаконски сè додека се држат под плафонот на цената на Западот од 60 долари за барел. Затоа, и извозот на руска нафта и плаќањата за нив беа нарушени во првите месеци од војната, но подоцна се нормализираа бидејќи Москва ги пренасочи тековите кон Азија и Африка, далеку од Европа.

„Проблемите се вратија од декември, бидејќи банките и компаниите сфатија дека заканата од секундарни американски санкции е реална“, изјави еден од изворите за „Reuters“, повикувајќи се на наредбата од Министерството за финансии на САД издадена на 22-ри декември 2023-та година, во која се предупредува дека земјата може да воведе санкции на странските банки за заобиколување на плафонот на цените и ги повикува да ја подобрат усогласеноста.

Тоа беше и првото директно предупредување за можноста за секундарни санкции против Русија, ставајќи ја на исто ниво со Иран во некои области на трговијата. По наредбата од САД, кинеските и турските банки, како и оние во ОАЕ кои работат со Русија, ги засилија проверките, почнаа да бараат дополнителна документација и обучија повеќе персонал за да се уверат дека трансакциите се усогласени со ценовната граница. извори на новинската агенција.

Дополнителните документи може да вклучуваат и детали за сопственоста на сите компании вклучени во трансакцијата, како и лични податоци на лицата кои ги контролираат ентитетите, за да можат банките да проверат дека тие не се изложени на ризик да бидат наведени на „SDN“.

Кон крајот на февруари, банките од ОАЕ мораа да ја зголемат контролата на плаќањата бидејќи од нив беше побарано да достават податоци до американските кореспондентни банки и американското Министерство за финансии доколку имаат трансакции кои одат во Кина во име на руска компанија.

„Ова значеше доцнење во обработката на плаќањата кон Русија. Стана тешко, па дури ни за трансакции во долари. Понекогаш се потребни недели за да се заврши директна трансакција помеѓу јуани и рубли“, рече еден од изворите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП