2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова стратегија или повеќе бенефиции, што ќе ги натера странците да инвестираат...

Нова стратегија или повеќе бенефиции, што ќе ги натера странците да инвестираат во Македонија?!

Организацијата Македонија 2025 предлага нов концепт или нова стратегија во привлекувањето на странски инвестиции. Организацијата смета дека преку сеопфатна анализа која треба да покаже кои се предностите на македонската економија и што има оваа држава да понуди на потенцијалните инвестиции, може да се постигне целта, да се уверат странските стопанственици дека Македонија е држава во која има потенцијал за успешно водење на бизнис. Од ТИРЗ пак велат дека ја поздравуваат иницијативата на Македонија 2025, но сметаат дека таа нова стратегија доколку се реализира треба да биде на темелите на досегашниот концепт со кој се третираат странските инвеститори, со образложение дека има позитивни резултати за државата.

Потребно е да се направи редизајн на мерки и стимулации кои во моментов ги добиваат компаниите со странски капитал во земјава, смета Организацијата Македонија 2025. Од таму велат дека треба да се подобрат фискалните и даночните стимулации, но и да се земе во предвиди значењето на новиот глобален данок и како тоа ќе влијае во однос на државата. Дали таа ќе направи нови ослободувања од даноци, или како да ги дизејнира своите политики од гледна точка на субвенциите кои им се се нудат на инвеститорите со странски капитал. Дополнително, од Организацијата велат дека е потребно да се направи една професионализација на институциите кои се поврзани со привлекување на странските инвестиции. Потребна е професионализација на кадарот, и тоа не само на менаџерскиот персонал, туку да има експертски поставени луѓе, кои знаат, работелеи или имаат искуство од секторите кои н ие како држава имаме намера да ги привлекуваме. Но и да се направи една реорганизација на сите инсгтитуции и да се воведе само една институција која ќе биде задолжена за привлекување на странски инвестиции.

„Треба да анализираме кои се тие компаративни предности кои Македонија ги нуди, без разлика дали е тоа работна сила во квалитет и квантитет, што е она што го нудиме од гледна точка на локации. Дали се тоа индустриски паркови, дали се тоа постоечки објекти, дали се тоа можности и свери во инвестирање. Треба да се навлезе во секторска анализа, длабински да се размисли во кои сектори Македонија како мала економија има можност да се инвестира, во однос на конкуренцијата која ја имаме во регионот. Затоа треба да анализираме што се случува во земјите од Западен Балкан, во земјите од Централноисточна Европа, од Севрна Африка, бидејќи сите овие региони се конкуренти и работат на слични начини на привлекување на странски инвестиции. Целиот овој процес, се она што се случува на геополитички и геостратешки системи а посебно во последниве две години, не само заради војната во Украина, и заради позиционирањето во однос на Кина, и на кој начин и да џдобиеме дел од тој колач можеме ние како држава активно да допринесеме бидејќи гледаме дека се повеќе има репозиционирање во тој процес на инвестирање“, велат од Организацијата Македонија 2025.

Од ТИРЗ за Денар велат дека од нивна страна организацијата Македонија 2025 има поддршка за изготвување на нова стратегија за поттикнување на инвестиции. Но, велат дека акцентот е свесно ставен на „инвестиции“ бидејќи покрај странските подеднакво треба да се опфатат и домашните. Од оваа државна институција додаваат дека во стратегијата пред се рефлектираат елементите од новиот пристап во работењето на ТИРЗ, воведен во 2021 година, а кој се темели на максимизирање на добивката за граѓаните, односно на краток рок – плати и среден рок – јавни приходи, од вложените јавни средства во економијата.

„Стратегијата да продолжи на патеката трасирана во 2018 година со усвојувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, со кој се направи значаен исчекор во изедначување на домашните со странските инвеститори. Да ја земе предвид Методологијата за доделување на државна поддршка за инвестиции, што како документ е изработен од Дирекцијата за ТИРЗ во соработка со меѓународната куќа PWC во 2022/23г. Самата Методологија веќе нуди механизми за фокусирање на јавните средства кон проекти инвестиции што создаваат поголема додадена вредност, пресликана на крајот со повисок износ на плати и, секако, поголеми приходи во Буџетот и јавните фондови на секој 1 денар вложени средства. Да продолжи со развивање на механизми за понатамошно менување на структурата на инвестиции во државата“, велат од ТИРЗ.

Официјалните податоци велат дека во 2023 година во олднос на 2022 година платите на работниците во индустриските зони се зголемени за 20 отсто, има раст на вработените во зоните и тоа за 35 отсто повеќе во однос на 2021 година. Уплатите во буџетот на државата од страна на странските инвестиции изнесува нешто над 75 милиони евра. И покрај овие резултати Македонија според вкупната вредност на инвестиции е на дното во регионот, а неславното последно место земјава го дели со Босна и Херцеговина.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП