Цените на електричната енергија во Шпанија паднаа речиси на нула бидејќи фармите на ветер и соларна енергија во земјата генерираат повеќе енергија од кога било досега.
Цените во текот на денот останаа под 10 евра за мегават час во изминатата недела, а производството во медитеранската земја е на пат да достигне рекорд овој месец. Дневното соларно производство во средата скокна на највисоко ниво од почетокот на октомври и добивките веројатно ќе продолжат и во март, покажаа моделите на „Bloomberg“.
Додека остриот пад на цените ги поддржува потрошувачите бидејќи големопродажните цени се внесуваат во оние за домаќинствата, пониските нивоа на подолг рок ризикуваат инвестиции во повеќе капацитети за обновливи извори на енергија во време кога Европа се обидува да ја зазелени својата економија, за да помогне во ограничувањето на глобалното затоплување.
Сериозниот пад на шпанскиот пазар оваа недела е терминален, но има јасен тренд на намалување и на цената на струјата и на гасот низ Европа по енергетската криза. Тоа негативно се одразува на профитот на комуналните претпријатија. Шпанска „Endesa“ во средата соопшти дека нејзиниот профит во 2023-та година се намалил за речиси една третина поради „нормализацијата“ на цените.
Падот влијае и на енергетските текови во југозападна Европа, при што Шпанија во моментов и продава на Франција, која е еден од најголемите европски извозници. Електричната енергија тече на пазарот по најниски цени на час, а податоците од мрежата покажуваат дека Шпанија е извозник од 21-ви февруари.
Цените во петокот се спуштија на 2,14 евра во Шпанија, нивно најниско ниво од почетокот на ноември и 67,21 евра во Франција.