6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата не ги послуша домашните енергетичари за Чебрен, но зошто грците се...

Владата не ги послуша домашните енергетичари за Чебрен, но зошто грците се откажаа од електраната?!

Продадна изградбата на хидроелектраната Чебрен. Тоа што до вчера не се стави потпис на договорот помеѓу грчката компанија која требаше да ја гради браната и владата е доволна потврда дека има нешто труло во ова јавно приватно партнерство. Грчкиот инвеститор требаше да вложи околу една милијарда евра, а државата да му овозмоижи чисти парцели, односно да плати експропријација и да изгради патишта за да може механизацијата да работи. Струјата не само од Чебрен туку и од електраната Тиквеш која ќе ја добиеше грчкиот газда бакшиш ќе беа негови, а земјава ќе имаше удел од триесетина отсто сопственост. Кој ја помати водата, ќе се знае следниве денови.

Алармот кој го вклучија искусните енергетичари од земјава не беше доволен да ги премисли македонските власти да се откажат од идеата Чебрен да оди во рацете на приватен инвеститор. Распродажба на државните природни ресурси, така ја објаснуваа експертите оваа зделка помеѓу грката компанија која го доби тендерот за Чебрен и владата која требаше да биде партнер со приватната компанија. Серија на јавни дебати, конференции и останати медиумски излагања имаа професорите од областа на енергетиката се со цел на јавноста да и прикажат дека доколку Чебрен се даде по условите кои сега владата го нуди, Чебрен ќе биде вистинска катастрофа на македонскиот енергетски сектор.

„Ако ја гради Македонија ќе беа 100 милиони евра на годишно ниво , што не се големи пари за кај нас , сега струјата ќе ја произведуваме дома и ќе ја купуваме на берза. Веројатно до сега ниту едно стопанство не се сметаше компетентно да изгради една таква централа, а зошто до сега не се прифатени другите понуди, веројатно зошто биле многу штетни. Ако веќе се прави партнерство, Македонија треба да биде најмалку 51 процент сопственик, да може да управува, да раководи и профитот од тоа сепак да остане, генерално, во Македонија”, вели професорот Константин Димитров.

На иста линија е и професорот Атанаско Тунески кој не се сложува како подарок да биде даден и ХЕЦ Тиквеш, кој веќе произведува евтина струја за македонските потреби. Кога ќе биде во рацете на грчкиот газда тој ќе ни ја продава на нас истата таа стуја која до вчера била наша.

„Со тоа ќе заработува милијарди евра зависи од берзанската цена, а берзанските цени сега се повисоки од оние цени по кои ЕСМ продава. Ако ова се реализира, ХЕЦ Тиквеш повеќе нема да биде македонски, туку грчки. ХЕЦ Чебрен нема да биде македонски проект, туку грчки. Проектот ако е добар, да го направиме ние. Ако е лош, зошто грчкиот партнер е заинтересиран да го работи. Дека овој проект може да се направи од наша страна говори и историјата. Истата влада од 2018 рече дека може сама да го реализира проектот. Потоа владата се премислува и го дава проектот на тендерска постапка со странски партнер и денеска имаме понуда од грчкиот партнер за една милијарда евра. До пред четири години, проектот чинеше 220 милиони евра, а сега чини една милијарда евра“, вели Тунески.

Владата пак не сакаше ниту да чуе и да прифати дека договорот е штетен. Ставот на властите беше дека со изградбата на Чебрен ќе се подобри енергетската независност. Електраната требаше да се гради седум години. Ако дефинитивно пропадне и овој тендер за Чебрен, тоа ќе биде несушешен 14ти обид за реализација на овој проект. Тоа што официјално се знае дека грците одбиле да го потпишат договорот затоа што имало промена во договорот кој бил дел од тендерот и оној кој требало да се потпише помеѓу државата и приватниот партнер.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП