ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје во своите здравствени планови за прв пат на нашиот пазар ја имплементираше и телемедицината како составен дел од основното осигурително покритие, а овозможена преку платформите на австрискиот партнер – лидер на европскиот пазар на телемедицината – TeleDoc и Diagnose.me.
Денар: Што ја инспирираше ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје да го претстави производот TELEDOC на македонскиот пазар и како тој се издвојува во областа на телемедицината?
Ние во Винер Осигурување, како дел од најголемата осигурителна групација на територијата на Централна и Источна Европа, Виена Иншуренс Груп, континуирано работиме на планот на развој на нови, односно редефинирање на постоечките осигурителни продукти, со цел следење на трендовите во осигурителната дејност, со истовремено прилагодување кон трендовите на дигитализацијата односно автоматизацијата на процесите како во делот на комуникацијата и продажбата на полиси, така и во делот на постпродажните активности, односно постапувањето по однос на пријавените штетни настани.
Имајќи во предвид дека пазарниот сегмент во делот на доброволното приватно здравствено осигурување се развива најинтензивно, особено во последните неколку години, за таа цел ние во ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, за прв пат на нашиот пазар имплементиравме Телемедицина односно онлајн доктор достапен 24/7/365, како дополнителен бенефит за нашите осигуреници, во вид на осигурително покритие како составен дел од нашиот продуктот за доброволно приватно здравствено осигурување, односно составен дел од сите наши здравствени планови.
TeleDoc е иновативен и единствен производ на подрачјето на телемедицината кој овозможува неограничен број на видео консултации со лиценцирани општи лекари од Македонија, 24 часа дневно во текот на целата година без исклучок.
Дополнително, нашите клиенти ќе имаат можност да користитат и услуги во делот на специјалистичкото второ мислење и тоа од страна на интернационалнo признати специјалисти од голем број на земји и широк опфат на специјалистички области, достапни преку базата на Diagnose.me каде што самостојно ќе го изберат лекарот специјалист од соодветната област за која што постои потреба да се спроведе второ специјалистичко мислење за конкретна иницијално поставена здравствена дијагноза.
Овие услуги се во целост развиени во соработка со нашиот партнер-провајдер од Австрија myteledoc.app односно diagnose.me, како официјален партнер во сегментот Телемедицина на компаниите дел од осигурителната групација Виена Иншуренс Груп, најголемата осигурителна групација на пазарите на Централна и Источна Европа.
Денар: Дали би можеле да споделите конкретни случаи кога услугата TELEDOC има значително влијание врз управувањето со здравјето на поединците или итните случаи?
На пример кога кај некое лице ќе се појават изразени симптоми на разболување (пр. одреден вирус, грип, малаксаност…) и тоа среде ноќ или надвор од редовното работно време на лекарот од поликлиниката, најверојатно ќе биде извршен третман во делот на итната медицинска помош, чекајќи можеби и неколку часа. Телемедицината, преку онлајн платформата која работи 24 часа на ден, 7 дена во неделата, на осигурениците им овозможува да ја користат во секое време и од секое место, притоа не нарушувајќи си го својот комодитет, бидејќи консултацијата се одвива во удобноста на просториите и локацијата каде моментално се наоѓа осигуреникот (пр. од својот дом, од канцеларија, од хотел, во движење…). Ако ги наведеме придобивките од Телемедицината, оваа услуга исто така може да им биде од голема корист на вработените во компаниите, во случаи кога истите имаат потреба од лекар на оддалечена локација или кога вработените се на службени патувања во друга држава или град. Понатаму истата може да послужи и во случаи кога е потребно првично прилагодување на дозите на постоечките лекови за постарите лица, или пак за дополнителни лабараториски тестови кога е потребно, односно за препишување лекови на рецепти, за давање совети за здрав живот, за виртуелни медицински консултации за тоа како првично да се постапи и управува со здравјето при итен случај, итн итн. Согласно погоре споменатото, можеме само да потврдиме дека телемедицината како бенефиција е од исклучителна важност и во моментите на нашите службени или семејни патувања како значајно надополнување на патничкото осигурување.
Денар: На кој начин интеграцијата на TELEDOC во здравствените планови ја подобри севкупната понуда и атрактивноста на полисите на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје?
Користа од телемедицината е подеднакво препознаена и од страна на правните лица (компаниите) како дополнителен бенефит за своите вработени, но и како еден вид HR алатка која до одреден степен може да го амортизира не секогаш потребното отсуство на вработените за извршување на основните лекарски прегледи и консултации, и секако од страна на физичките лица (индивидуалци и семејства) коишто исто така, во оваа алатка ја гледаат можноста за неограничена достапност на лекар, во секое време и од секое место за себе и за своите најблиски.
Користењето на TeleDoc и Diagnose.me, односно повеќекратните бенефиции кои ги овозможуваат истите се универзални за сите пазари каде што овие две апликации и платформи од сегменот на телемедицината се достапни, но секако тековно истите ќе трпат модификации во насока на усовршување и проширување на истите:
- анамнеза на основ на утврдени здравствени протоколи,
- препорака за понатамошно постапување во врска со здравствената состојба,
- советување во врска со одредени симптоми, дијагнози, терапии и лекарства,
- дигитално издавање на т.н. “розев рецепт” интернационално признаен, со кој што може да се набават потребните лекарства од аптека.
- препорака за спроведуваење на медицински терапии и рехабилитации,
- објаснување на медицински поими, дијагнози, читање на резултати од извршени лабараторски услуги (крвна слика, уринокултура, брис),
- втори лекарски мислења од страна на широка листа на реномирани лекари специјалисти од различни специјалистички области, достапни од голем број на земји од европа и светот.
На крајот, секако треба да напоменеме, дека Телемедицината сепак не ја заменува потребата од физичка посета на здравствените установи, туку претставува комплементарна поддршка во грижата за здравјето преку брз или лесен пристап до првично лекарско советување во врска со одредена здравствена состојба.
Денар: Можете ли да појасните како премиум здравствените услуги на Diagnose.me го надополнуваат или подобруваат постојниот здравствен пејзаж, особено во однос на пристапноста и напредокот во превентивната заштита, во споредба со традиционалните понуди за приватно здравствено осигурување?
Добивањето на второ мислење од лекар специјалист, во сензитивните моменти поврзани со здравјето на човекот, придонесува за поголема сигурност и свест дека се разгледани повеќе опции и дека е побарано мислење од реномирани лекари со меѓународно искуство, со цел за вас и вашите најблиски да го направите вистинскиот избор за понатамошно третирање на вашето здравје.
Истражувањата покажуваат дека добивањето второ медицинско мислење од специјалист може да го намали ризикот од погрешна дијагноза до 90% имајќи во предвид дека дури и искусни лекари можат да направат грешки.
Во случаите кога здрав пациент е погрешно дијагностициран, тој или таа може да подлежи на непотребен, инвазивен, скап, па дури и штетен третман. Од друга страна пак, што е уште полошо, потенцијално ефикасниот третман може непотребно да се одложи.
Преку Diagnose.me осигуреникот може да дојде до второ лекарско мислење од страна на врвни специјалисти во некои од најдобрите клиники во светот, при што конкретното медицинско досие може да го види експерт согласно конкретната здравствена состојба. Сите специјалисти на Diagnose.me се внимателно избрани и одобрени од страна на медицински советодавен одбор на Diagnose.me. Погледнете ја листата на достапни лекари специјалисти од различни области:
https://lp.diagnose.me/mk/partner/winnermk/doctors?doctors-list=show-all
Особено е важно да се напомене дека во пракса, овој тип на услуги, доколку одредено физичко лице сака да ги обезбеди самостојно, чинат во просек од 200 до 300 евра по добиено лекарско мислење, а за покомплексни здравствени состојби и специјалистички области т.н. второ лекарско мислење може да чини од 500 до 600 евра по добиено лекарско мислење. Во овој случај ВИНЕР Виена Иншуренс Груп оваа бенефиција ја обезбедува како составен дел од веќе избраниот здравствен план, односно како дополнување на полисата за приватно здравствено осигурување.
Денар: Дали би можеле да споделите конкретен пример што ги илустрира опипливите придобивки или влијание што го доживуваат поединците кои ги користат услугите на Diagnose.me, во споредба со традиционалните опции за здравствена заштита?
Функционирањето на платформата е лесно и едноставно, на кратко прикажано низ 3 кориснички интуитивни чекори:
Прв чекор:
Нашиот осигуреник креира сопствен профил на платформата diagnose.me по што пристапува кон избор на соодветен специјалист од конкретна специјалистичка област, преку лесно користење на функцијата за пребарување од списокот на најпогодни лекари за конкретните медицински проблеми. Алтернативно, нашиот осигуреник може да се јави и да оствари онлајн разговор со член на тимот на Diagnose.me кој може дополнително да помогне во изборот на лекарот специјалист.
Втор чекор:
Осигуреникот на кратко ја опишува својата здравствена состојба во врска конкретната ситуација. По опишувањето на симптомите и на здравствената состојба, се поставуваат и конкретните прашања кон избраниот лекар специјалист. По краткиот опис и поставени прашања, се прикачуваат сите валидни медицински документи: податоци на пр. од МРИ, КТ скенови, лекарски извештаи и тестови на крвта, итн..
Целата комуникација се одвива на мајчиниот јазик на осигуреникот.
Трет чекор:
По завршување на двата чекори, нашите осигуреници добиваат повратно сеопфатен медицински извештај од избраниот лекар специјалист, вообичаено во рок од 7 до 10 дена.
Понатаму, може и континуирано да се поставуваат дополнителни прашања во врска со добиеното мислење.
Дополнително како отворена опција е и краток видео повик со избраниот специјалист во случај на потреба за доразјаснување на содржината наведена во специјалистичкиот извештај.
И повратната комуникација (добиеното мислење од избраниот лекар специјалист) е на мајчин јазик на осигуреникот.
Интервју со Огнен Нелковски – Координатор за развој на продукти и банкоосигурување во Винер – Виена Иншуренс Груп АД Скопје