Доколку постите, сигурно е дека јадете риба почесто отколку во деновите што не се постат, но дали знаете која риба е најздрава?
Лекарите велат дека е паметно да се јаде риба барем еднаш неделно, додека варено месо 2 пати неделно, а останатите 4 дена да се консумираат оброци од зеленчук.
Ви ја пренесуваме листата на 9-те најздрави риби во светот:
1. Атлантскиот лосос: Велат дека омега 3 масните киселини кои се наоѓаат во црвеното месо на оваа риба можат да влијаат на човечкиот биолошки часовник, што значи дека може да го забави нашето стареење, иако оваа риба не е најевтинаа, таа вреди да се спомене бидејќи е многу здрава.
2. Зубатак: Оваа сина риба се смета за исклучително корисна за луѓето бидејќи содржи изобилство на фосфор, калиум, калциум, натриум и железо.
3. Атлантска харинга: Оваа риба се смета за помрсна риба, но омега 3 масните киселини што ги содржи се од голема корист за човечкиот кардиоваскуларен систем.
4. Езерската златна рипка: Ова е риба која живее во слатки води. Нејзиното месо е речиси подеднакво масно како месото од лосос, но не се суши кога термички се обработува.
5. Гирици: Аншоа или сардини се вид риба која има толку многу протеини што може да се натпреварува со секое месо. Од друга страна, нејзините калориски вредности се мали. Таа е богата со витамини и минерали кои им се потребни на луѓето за нормално функционирање.
6. Скуша: Оваа риба е совршена за секоја диета бидејќи содржи малку калории и само витамини и минерали неопходни за човечкото тело.
7. Пастрмка: Ако јадете пастрмка само еднаш неделно, можете да го намалите холестеролот, да ги зајакнете крвните садови и нервите и да избегнете проблеми со меморијата во староста.
8. Сардина: Оваа мала риба добро се апсорбира од човечкото тело и е одличен извор на протеини. Сардините содржат цел комплекс на витамини (А, Б12, Б6, Д) и масло од сардина, кое го намалува холестеролот.
9. Туна: Оваа риба е полна со омега 3 и омега 6 масни киселини, што ја прави една од најкорисните риби.
Никогаш не штедете на квалитетот на рибата. Ако сакате да се задоволите себеси и вашето семејство со рибен оброк, одберете мудро, бидејќи не сите риби се здрави. Има и такви кои масовно се произведуваат и се полни со токсична жива.