3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо три децении Јапонија нема да биде втор најголем акционер на ММФ?

По три децении Јапонија нема да биде втор најголем акционер на ММФ?

По 30 години, на Јапонија ѝ се заканува губење на позицијата на втор најголем акционер на ММФ поради слабиот економски раст и падот на јапонскиот јен.

Врз основа на сегашната формула, врз основа на економската моќ, Кина и Германија најверојатно ќе ја надминат Јапонија, така што Токио ќе падне на четвртото место, пренесува „Kyodo News“.

Главната причина е слабиот економски раст на Јапонија и пониската вредност на јапонската валута во споредба со американскиот долар и другите главни светски валути. Јапонската влада ја поддржа идејата за зголемување на капиталните ресурси на ММФ во разговорите зад „затворени врати“, но инсистира на задржување на сегашната квота на фондот, според официјални лица кои зборуваа под услов да останат анонимни.

ММФ генерално ги ревидира своите квоти најмалку на секои пет години. Целта на планот на институцијата со седиште во Вашингтон за зголемување на финансирањето е да им помогне на земјите во развој кои страдаат од недостаток на пари поради пандемијата на коронавирус и други проблеми.

Покрај тоа што одлучува колку одредена членка треба да придонесе, квотата во голема мера ја одредува нејзината гласачка моќ во прашањата на ММФ.

Претходното зголемување на капиталот на ММФ беше одобрено во 2010-та година. Соединетите Американски Држави во моментов се најголем акционер на ММФ со 17,4 отсто од вкупните квоти акции, по што следат Јапонија со 6,5 отсто и Кина со 6,4 отсто.

Доколку се користи сегашната формула за пресметување на квотите, кинеската акција ќе скокне на 14,4 отсто, а американската акција ќе падне на 14,8 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП