3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА100 милиони евра за развој на малите и средни компании

100 милиони евра за развој на малите и средни компании

Европската инвестициона банка има на располагање 100 милиони евра преку кредити за поддршка на малите и средни претпријатија во Македонија. Бизнисмените може овие средства да ги подигнуваат преку најголемите комерцијални банки, а кредитната линија се остварува преку Македонската банка за подршка на развојот. Каматната стапка за крајните корисници е 3,5 %.

Од Стопанската комора велат дека пристапот до финансиските средства за малите и средни претпријатија е еден од клучните фактори кои ги наведуваат компаниите во Македонија како пречка за зголемен обем на економски активности и нивен раст и развој. Пристапот до финансии е клучен за добивање на обртен или долгорочен капитал за да ги одржат производствените процеси и остваруваат раст и развој, како и за инвестиции, иновации, креирање на работни места и имплементација на напредни техники и технологии.

Од Стопанската комора посочуваат дека преку кредитната линија од Европската инвестициона банка се реализира преку Комерцијална, Стопанска банка Скопје, НЛБ, Шпаркасе и Прокредит, но се потпишуваат договори и со други домашни банки. Намената на овие кредити е за мали и средни претпријатија.

Што се однесува до Европската банка за обнова и развој малите и средни компании имаат на располагање 23 милиони евра. Овие кредити може да се подигнуваат преку Шпаркасе банка.

Информациите велат дека барем 30% од средствата ќе се користат за финансирање на проекти за транзиција кон зелена економија. Каматна стапка за крајните корисници е согласно ценовната политика на банката. Исто така Европската банка за обнова и развој има програма за зелено финансирање. Вкупниот износ на оваа програма е 30 милиони евра. Информациите велат дека оваа програма се реализира преку македонски банки а до сега Шпаркасе има повлечено седум милиони евра. Во документацијата стои дека малите и средни претпријатија имаат можност да инвестираат во обновлива енергија и енергетска ефикасност. И во овој случај Каматна стапка за крајните корисници е согласно ценовната политика на банката.

Преку Прокредит и Шпаркасе банка на располагање има и еден милион евра од програмата на Европската банка за обнова и развој а се наменети за кредитирање на поединци, заедници на станари, производители на зелени технологии и даватели на услуги, за инвестиции кои ја поддржуваат транзицијата кон зелена економија. И во овој случај каматата ја диктира комерцијалната банка.

Од програмата ГГФ пак на располагање се 10 милиони долари. Оваа програма пак е наменета за домаќинства, сопственици на станови, заедница на станари, мали и средни претпријатија од сите економски сектори, општини и претпријатија од јавниот сектор. Каматна стапка за крајните корисници е согласно ценовната политика на банката. Последна од програмите според информациите е ЕФСЕ која е со вкупен износ 5 милиони евра. Таа е наменета за домаќинства, сопственици на станови, заедница на станари, мали и средни претпријатија од сите економски сектори, општини или претпријатија од јавниот сектор. Каматна стапка за крајните корисници е согласно ценовната политика на банката.

„ Главната мисија на Европската мрежа на претприемачи е да им помогне на малите и средни компании да ги искористат различните бизнис можности кои се во рамките на единствениот ЕУ пазар со давање информации и поддршка, особено со прашања поврзани за ЕУ регулативата и прописите, информации и совети за Европските стандарди или во насока на промовирање на технологија, иновативен производ, услуги или техничка експертиза. Сите овие информации исто така може да се користат и од страна на поголемите компании, институти за истражување, универзитети, центри за технологии и агенции за развој на иновации. Овие услуги се бесплатни во рамките на бизнис мрежа“Пристапот до финансии е клучен за добивање на обртен или долгорочен капитал за да ги одржат производствените процеси и остваруваат раст и развој, како и за инвестиции, иновации, креирање на работни места и имплементација на напредни техники и технологии.“ велат од Стопанската комора.

Компаниите од Македонија имаат обврска да го проематат технолошкиот процес на производство, да го усовршат и да се доближат со иновативни проекти до фирмите од државите членки на Европската унија. Само на тој начин ќе им се подобри конкурентноста и ќе може да се носат со предизвиците кои ги нуди соработката со компаниите од западно европските земји. Податоците во моментов велат дека многу мал дел од фирмите во земјава ги исполнуваат условите за учество на европските пазари.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП