1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНè штити од појавата на канцерогени клетки и се смета за рудник...

Нè штити од појавата на канцерогени клетки и се смета за рудник на калиум и влакна

Свежата тиква или „роднина на дињата“ е најдобра во сезоната во есенските и зимските месеци, а освен што е вистинско сезонско уживање, е и добар чувар на здравјето.

Тиквата се смета за рудник на калиум и влакна, две хранливи материи кои на повеќето возрасни луѓе им недостигаат во исхраната.

Традиционално, тиквата на пазарот или на трпезата го најавува почетокот на есента, а воедно ја симболизира и празничната сезона. Свежата тиква е најдобра во сезоната, во есенските и зимските месеци. Сепак, овој вид зимска тиква или „роднина на дињата“ не е само вкусен сезонски деликатес.

„Месото“ од тиквата е најздравиот дел

„Месото“ или пулпата од тиквата од темно жолта до портокалова е најздравиот дел од ова овошје кое содржи многу витамини, минерали и антиоксиданси. Секој дел од тиквата може да се конзумира, вклучително и семките и кожата, така што нема храна отпад во случајот со ова овошје.

Тиквата има висока содржина на влакна и пектин, а нејзиното „месо“ може да го олесни процесот на варење. Диететските влакна се есенцијална хранлива материја добра за дигестивниот тракт што го спречува запекот. Освен што го подобруваат здравјето на цревата, влакната го поддржуваат кардиоваскуларното и метаболичкото здравје и промовираат долговечност, истакнуваат експертите од клиниката Мајо. Месото од тиква е исто така богато со пектин, еден вид растворливи влакна. Пектинот е природен пребиотик, кој помага да се хранат добрите, здрави пробиотски микроби во цревата.

Тиквата е богата со калиум, кој го намалува ризикот од срцеви заболувања

Тиквата е богата со калиум, па со конзумирање на оваа храна можете да си помогнете да го намалите крвниот притисок и да го намалите ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар. Исхраната богата со калиум помага во намалување на крвниот притисок кај луѓето со или изложени на ризик од хипертензија, охрабрувајќи ги бубрезите да излачуваат вишок натриум, објаснуваат експертите.

Бета-каротенот и дава на тиквата портокалова нијанса, а човечкото тело ја претвора во витамин А богат со антиоксиданси. Тоа е еден вид на каротеноид, класа на пигменти кои се наоѓаат во овошјето и зеленчукот кои исто така делуваат како антиоксиданти. Бета-каротенот е одговорен за здрави очи, кожа и имунитет, а според официјалните податоци, тиквата содржи повеќе бета-каротен од многу други намирници – слатки компири, моркови, портокалова пиперка и диња.

Витаминот А е суштинска хранлива материја и е главно поврзана со добар вид, имунитет, репродукција и развој, но исхраната богата со витамин А или бета-каротен, исто така, може да го намали ризикот од одредени видови на рак, според Националниот институт за здравје. Високата содржина на антиоксиданси во тиквата, како што се посочува, може да придонесе за нивните потенцијални својства во борбата против ракот, што треба дополнително да се истражи.

Акутното воспаление е краткотрајно, но не треба да се занемари хроничното воспаление

Благодарение на бета-каротенот, тиквите можат да помогнат да се намали воспалението што се јавува како одговор на телото на повреда или оштетување. Акутното воспаление обично е краткотрајно, како на пример кога случајно сте го прескле прстот, и обично поминува во рок од неколку дена. Но, хроничното воспаление не е нешто што треба да се игнорира бидејќи може да предизвика болести поврзани со инвалидитет и смрт, како што се дијабетес, срцеви заболувања, рак, бубрежни заболувања и автоимуни нарушувања, според студијата од 2019-та година објавена во „Nature Medicines“.

Луѓето во многу земји ја користат тиквата поради нејзините антиинфламаторни својства, според студијата објавена во 2022-ра година во списанието „Plants“. Се смета дека ова се должи на бета-каротенот кој покажува силна антиинфламаторна активност, а истражувачите откриле дека бета-каротенот покажува посилна активност од ликопенот, друг каротеноид.

Нѐ штити од појава на канцерогени клетки

Тиквата има многу висока содржина на каротеноиди и нѐ штити од појавата на канцерогени клетки. Исто така, тиквата нѐ штити од проблеми со бубрезите и болести на кардиоваскуларниот систем.

Тиквата е нискокалорично овошје и зеленчук, а тоа ја прави многу погодна храна за консумирање за време на диети и различни режими на исхрана. Тиквата има своја корист дури и во козметиката, и сурова и преработена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП