11 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската економија е на граница на воена експанзија

Руската економија е на граница на воена експанзија

Се чини дека руската економија ја достигнала границата на експанзија за време на војната, се вели во коментарот на Волстрит журнал заснован на разговори со економисти и експерти. Податоците на руската статистика покажуваат раст на економијата, но падот на рубљата е показател дека таа воопшто не е одржлива.

Растот на бруто домашниот производ (БДП) главно беше поттикнат од јавната потрошувачка, која во првиот квартал на годишна основа се зголеми за 13,5%. Ова е најостро зголемување од 1996-та година, се вели во изданието.

Руската статистика покажува бум во индустриите поврзани со војна – фабриките работат во неколку смени за да обезбедат нарачки во производството на метални производи, специјална облека, оптика итн. Сепак, другите сектори се ограничени поради недостигот на пристап до технологија, намалените инвестиции во одржување на опремата и неефикасноста на производството. Производството на автомобили, на пример, се намалува за 10% на годишно ниво. Како резултат на тоа, земјата почна се повеќе да се потпира на своите суровини, а приходите од продажба на нафта и природен гас, како и метали, се меѓу ретките што ја полнат касата.

„Русија е една од ретките земји што може да издржи долго време“, забележува Ерик Мејерсон, шеф на анализа на пазарот во шведската банка СЕБ, за санкциите. Но, во исто време, политиката на замена на увозот не е сосема успешна, според податоците на Московската виша економска школа. На 65 отсто од индустријата во Русија му е потребен увоз на западна опрема и досега замената со локално производство има мешан успех, коментираат и руски економисти.

Токму оваа зависност од странска технологија е сериозен проблем за Кремљ, а властите се обидуваат да најдат алтернативи – увозот од Кина, на пример, се зголеми за 18% оваа година, а рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ја посети Северна Кореја за да се запознае самиот со воено индустрискиот комплекс. Но, Москва не може да најде нови добавувачи за сè – на пример, санкциите го намалија увозот на високотехнолошки производи за 7 милијарди долари во 2022-ра година. Недостатокот на пристап до иновации ќе го чини економскиот раст во наредните години.

Степенот до кој руската економија може да се прошири без да предизвика пораст на инфлацијата сега е многу поограничен отколку што беше пред западните санкции. Токму намалувањето на нивото на „потенцијален раст“ го соочува рускиот претседател Владимир Путин со дилемата дали да го зголеми военото производство или да се бори против инфлацијата пред претседателските избори во Русија, кои треба да се одржат во март 2024-та година.

Пред анексијата на Крим (односно наметнувањето на првите западни санкции против Русија), Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го процени потенцијалниот раст на руската економија на 3,5% годишно. Руската единица на „Raiffeisenbank“ во моментов го одредува на 0,9 проценти.

Но, изгледите за руската економија не беа особено поволни ниту пред војната во Украина, а главната причина за тоа е стареењето на населението. Продуктивноста е слаба поради недостигот на инвестиции, а бизнис климата е влошена поради корупцијата и бирократијата.

Овој тренд се влоши само по 2022-ра година, а земјата се соочува со најголем недостиг на работна сила од 1990-тите, откако илјадници беа мобилизирани или избегаа под закана дека ќе бидат мобилизирани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП