2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропската Унија годинава треба да даде повеќе пари за Македонија!

Европската Унија годинава треба да даде повеќе пари за Македонија!

Европа да го одврзе ќесето и да предвиди повеќе пари за производство на електгрична енергија од обновливи извори и за превенција од нови турбуленции во енергетскиот сектор за регионот а особено за Македонија. Регулаторната комисија за енергетика од Европската егергетска заедница побара посериозна финансиска помош за годинава. Само за информација, Европската комисија на земјите членки на Европската унија лани им додели 800 милијарди евра пари за полесно надминување на предизвиците од енергетската криза. А земјите од регионов поделија само една милијарда евра. Од оваа една милијарда евра, половина беа за справување со кризата, а останатите 500 милиони евра за подобрување на енергетската ефикасност.

Математички според бројот на жители за енергеткста криза Македонија доби само 80 милиони евра. Новите правила кои произлегуваат од последното законско решение во делот на енергетиката предвидува и поскапо производство на електрична енергија. За таа цел регулаторот вели дека побарал од Европската енергетска заедница да бидеме како држава сватени сериозно и да додели поголема помош.

Имплементацијата на зеленото сценарио е во тек, а тоа започнува да се случува и во Албанија и во Црна Гора, Србија, Косово и во Босна и Херцеговина. Затоа регулаторот апелира дека на овие земји треба да им се помогне посериозно. Сега од Регулаторната комисија за ененргетика очекуваат регионот, а особено земјава да добие повеќе средства со образложение дека обврските се одамна заврешени.

„Со усвојувањето на новиот Закон за енергетика во 2018 година, ги исполнивме сите критериуми и обврски кои што произлегуваат од третиот енергетски пакет. А тој е обврска за нас како држава. Исто така во следниот период ја усвоивме целосно подзаконската регулатива, за новиот закон да се имплементира во пракса. Истото тоа го направија и земјите членки на Енергетската заедница од Западен Балкан. И кога ќе ги започнеме преговорите со Европската унија, делот што се однесува за енергетиката тие ќе траат многу кратко бидејќи се што е побарано од нас како држава е исполнето. Од тие причини побарав, не само за Македонија туку за цел Западен Балкан да се зголеми помошта која што ја дава Европската комисија.“ велат од Регулаторната комисија за енергетика.

И од Владата велат дека и во текот на следната грејна сезона ќе се залагаат да реализираат антикризни мерки за граѓаните и компаниите. Надлежните се со пресметка дека од 2020 година па се до денес интервенирале со две милијарди евра подршка за приватни и правни лица.

„Со таргетирани мерки ќе продолжиме и годинава. Мерки ќе има како за граѓаните така и за стопанството. Но од друга страна ќе треба да го менаџираме и буџетот во однос на дефицитот и во однос на јавниот долг. Владата и оваа година има предвидено 225 милиони евра за антикризни мерки, а тоа значи околу 1,5 отсто од БДП, и зависно од потребите во даден момент така и ќе реагираме.“

Во меѓувреме во завршна фаза е пресметката на новата цена на електричната енергија која Регулаторната комисија за енергетика треба да објави до крајот на овој месец. Таа ќе важи во следните шест месеци. Според најавите ДДВ-то на струјата се враќа на 18 отсто, а граѓаните повторно на располагање ќе ја имаат и евтината дневна тарифа на два часа.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП