19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКАРДИОЛОЗИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Висок стрес и негативни емоции може да предизвикаат срцеви проблеми...

КАРДИОЛОЗИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Висок стрес и негативни емоции може да предизвикаат срцеви проблеми и кај здрави луѓе

Покрај менталното и психичкото здравје, голем стрес и емоции негативно се одразуваат на состојбата на целиот организам. Срцето отсекогаш било симбол на нашите емоции, а научниците докажале дека стресот и негативните емоции можат да предизвикаат срцеви проблеми, дури и кај здравите луѓе.

Кардиолог објаснува како стресот го оштетува срцето, дури и кај здравите луѓе: „Емоционалниот стрес предизвикува негативна верижна реакција во телото. Ако сте лути, вознемирени, напнати, фрустрирани, исплашени или депресивни, природната реакција на вашето тело е да ги ослободи хормоните на стрес – кортизол и адреналин. Овие хормони се важни за подготовка на телото за справување со стресот, забрзување на отчукувањата на срцето, зголемување на крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта. Како што се намалува стресот, крвниот притисок и отчукувањата на срцето треба да се вратат во нормала. Меѓутоа, кога едно лице е постојано под стрес, телото не добива шанса да се опорави и тоа може да доведе до оштетување на ѕидовите на артериите и други симптоми, како што е болка во градите“.

Кај луѓето кои се под голем стрес, а особено ако стресот е долг, еден од првите симптоми е болка во градите, потење, стегање во градите на нервна основа или отежнато дишење. А она што се случува во телото е дека наглиот наплив на адреналин ги стеснува артериите во срцето и се прицврстува на клетките во срцето. Оваа состојба се нарекува стрес-кардиомиопатија, имитира срцев удар од симптоми до промени во електричната активност на срцето. Стресната кардиомиопатија обично заздравува за неколку дена или недели, но секако може да доведе до слабеење на срцевиот мускул, конгестивна срцева слабост и абнормален срцев ритам.

Анксиозноста може да доведе и до нарушување на срцевиот ритам или аритмија, бидејќи хронично високите нивоа на хормони на стрес може да предизвикаат напад на паника, предизвикувајќи симптоми многу слични на срцев удар. „Болката во градите предизвикана од срцев удар се шири низ градите и се протега до рамената, рацете и вилицата и постепено се влошува, додека кога станува збор за анксиозност, доаѓа до ненадејна болка која останува во градите и состојбата полека се подобрува.

„Многу луѓе доживуваат чукање на срцето заедно со анксиозност, чувство како нивното срце да прескокнува, да трепери во градите, вратот, грлото, дури и во ушите“. Имено, аксиозноста го активира одговорот на телото „бори се или бегај“ како дел од автономниот нервен систем. Кога се чувствувате непријатно за некоја ситуација, вашиот одбранбен механизам може да се активира, зголемувајќи го пулсот. Иако брзото и силно чукање на срцето, познато и како палпитации, може да изгледа алармантно, тоа генерално не е опасно и исчезнува кога ќе заврши стресната ситуација што предизвикува анксиозност. Но, во некои случаи палпитациите на срцето може да бидат знак за сериозен здравствен проблем, како што е аритмија“, додава кардиологот д-р Поповиќ.

Многу луѓе се справуваат со стресот на штетен начин, преку претерано консумирање алкохол, цигари и храна, што може само да придонесе за развој на срцеви заболувања. Секој кој се грижи за своето општо здравје, вклучувајќи го и здравјето на срцето како главен двигател, може да научи како да управува со стресот. Од фундаментално значење е да се усвојат здрави навики кои овозможуваат стресот да се држи под контрола и на тој начин да се заштити срцето од болести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП