3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНе може да се гради економија без извозно ориентирани компании!

Не може да се гради економија без извозно ориентирани компании!

Како до зголемена вредност на извезената стока од државата кога бројот на компании кои се извозно ориентирани е многу мал. Дали за ваквата состојба вина има и државата или постои недоволна претприемничка заинтересираност за освојување на странскте пазари. Европската унија останува најдобриот трговски партнер на Македонија, а благодарение на странските компании кои произведуваат исклучително за во странство, и неколку други домашни поголеми компании, може да се каже дека земјава има некаков извоз, останатите компании се ориентирани на домашниот пазар.

Стопанската комора во соработка со УСАИД на располагање на извозните компании веќе им отвори можност преку дирекнта помош за развој но и понудени стратегии кои би го подобриле извозот. Потребна е дигитална трансформација но и имплементација на меѓународни стандарди за квалитет потоа, техничка помош за пристап до финансии. За сето ова избраните компании имаат техничка поддршка од страна на консултанти кои се експерти во дадената област. Сега се чекаат резултатите.

„Домашниот извозен сектор треба да биде во фокусот на вниманието на креаторите на економски политики доколку сакаме да се надеваме на посериозен економски исчекор на земјата и забрзување на економскиот раст. Ние сме мала економија со ограничен пазар и затоа треба вниманието да го насочиме кон градење на конкурентниски предности на нашите компании на регионалните и глобалните пазари“, велат од Стопанската комора.

Клучното прашање кои сега бизнисмените го поставуваат е каде компаниите треба да се насочат за да ја зголемат додадената вредност. Само со создавање на производи со додаден вредност, а не насочување кон лон производство, може да има зголемување на продуктивноста, а со тоа и повисоки плати на вработените и подобар живот на граѓаните. Оваа го констатираа од најголемото бизнис здружение, Стопанската комора од каде што кажаа дека во Македонија има нешто над 70 илјади правни субјекти, а само 3 500 се извозно ориентирани.

„Во земјава има 450 компании кои извезуваат вредност повеќе од еден милион евра. Само 29,8 отсто од вклупниот извоз припаѓа на една комопанија, на еден пазар – во Германија. Така да, ние мора да работиме на дизервификација на нашиот ризик како економија во делот на потикнување на извозот, а посебно во насока на дизервификација на овие ризици кои сега постојат за да не дојдеме повторно до моментот да гасиме пожари при вакви големи економски кризи и удари на нашата економија која што е многу зависна од надворешните фактори“, додаваат од Стопанската комора.

Податоците на државната статистика покажуваат дека, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари февруари 2023 година, изнесува 1 339 941 илјада евра и бележи пораст од 10.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 763 707 илјади евра, што е за 1.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2023 година, изнесува 423 766 илјади евра. Најголемите бизнис партнери на земјава и натаму се Германија, Велика Британија, како и соседните држави Грција и Србија.

Позитивно во целата ситуација во врска со извозот се компаниите сместени во економските зони. Од таму се пофалија дека на стартот од годинава имаа рекорд на извезената стока во однос на последните пет години. Само во јануари извозот надминал вредност од 275 милиони евра што е за 11 проценти повеќе од јануари 2022 година.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП