20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБадијала санкции, нема намалување на извозот на руска нафта

Бадијала санкции, нема намалување на извозот на руска нафта

Извозот на нафта од Русија остана стабилен во февруари, бидејќи земјата успеа да најде нови купувачи во услови на заострување на западните санкции, објави „Bloomberg“.

Пазарните аналитичари внимателно го следат одливот на нафта од Русија откако Европската унија (ЕУ) и повеќето земји од Г-7 го забранија увозот на руска нафта и нафтени деривати по морски пат поради тековната војна во Украина.

Потпомогнати од т.н „флота во сенка“ на танкери, руските производители се свртуваат кон купувачите во Персискиот Залив, Латинска Америка и Азија, покажуваат податоците од платформата за следење на испораките на нафта по море.

ЕУ го забрани увозот на гориво преку море од Русија на почетокот на февруари, два месеци откако земјата воведе рестрикции за нафта. Санкциите се на врвот на ограничувањата на цените на рускиот товар што трети земји мора да го следат доколку сакаат пристап до западните услуги како што се превозот и осигурувањето.

И покрај оваа комбинација на пречки, руските производители извезуваат во просек по 7,32 милиони барели дневно сурова нафта и нафтени деривати, покажуваат податоците на консултантската компанија „Kpler“. Тоа е во согласност со пратките испорачани во декември и само 9% помалку од највисокото ниво на сите времиња пријавени во јануари.

„Месечниот пад на рускиот поморски товар најмногу се должи на невообичаено високиот извоз во претходниот месец, што делумно беше поврзано со временските нарушувања“, рече аналитичарот на „Kpler“, Виктор Катона.

„Лошото време на почетокот на зимата доведе до „зголемен трансфер на товар што требаше да тргне на пат во декември, но сепак беше испорачан во јануари, што доведе до врвни текови“, посочува Катона.

„Невремето се врати овој месец по релативно мирниот јануари, особено во Црното Море, при што пристаништето Новоросијск имаше повеќекратни прекини во текот на месецот“, додава тој.

И покрај оваа отпорност, рускиот извоз на нафта се соочува со дополнителни тешкотии со Индија, главниот клиент на Москва, која сака да покаже дека товарот ја исполнува наметнатата ценовна граница од 60 долари за барел. Засилениот мониторинг може да го погоди протокот на руска нафта во земјата.

Извозот следниот месец би можел да биде погоден и од одлуката на Кремљ да го намали производството на нафта за 500.000 барели дневно како одмазда за новите западни санкции.

Засега останува нејасно дали руските производители ќе претпочитаат да го намалат извозот или производството на нафта како резултат на меѓународните казнени мерки. Прелиминарните планови за март покажуваат дека нафтените компании имаат намера да го задржат рафинирањето нафта на високо ниво за да ги искористат огромните даночни олеснувања, кои треба да се очекуваат да се намалат од април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП